Прегледи: 88
Сите сме дел од мозаикот
Тема
Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички
Предизвик
Како би можеле да ги поттикнеме учениците редовно да учествуваат во ученичките активности, а со цел да се избегне чувството на фаворизирање само на некои ученици?
За активноста
Форми на работа
Тимска работа, работилница, интерактивна дискусија, презентација и изложба
Време на реализација
90 до 120 минути
Возраст
Ученици од I до IV година
Локација
Училиштен хол или училиштен двор (со можност за отворена изложба)
Потребни материјали
- Големo пано или агол/катче за изложување („Мозаик на иницијативи“)
- Разнобојни картони, маркери, лепило, селотејп
- Обрасци за идеи/предлози
- Лепливи ливчиња за гласање

Цели
- Поттикнување редовно учество на учениците во воннаставни активности
- Намалување на чувството на фаворизирање преку транспарентност и еднакви шанси
- Јакнење на меѓугенерациска соработка
- Зголемување на довербата и на комуникацијата меѓу учениците
- Да се промовира идејата дека секоја ученичка иницијатива е еднакво вредна и сите ученици можат да бидат дел од заедничкиот „мозаик“.
- Да се поттикне култура на рамноправност и заедничка одговорност во создавање ученички активности.
Очекувани резултати
- Создадена заедничка „Мапа на идеи“ и „Мозаик на иницијативи“
- Поднесени нови иницијативи/предлози од ученици
- Подобра видливост на сите ученички иницијативи
- Поголемо учество на ученици во следни активности
- Учениците ќе имаат чувство дека нивниот глас е важен и слушнат.
- Ќе се намали перцепцијата за фаворизирање во ученичките активности.
- Ќе се воспостави трајна практика на колективно гласање и изложување идеи.

Чекори
- Подготовка
- Формирање организациски тим (ученици од ученичкиот тим, професори, педагог)
- Подготовка на материјалите и распоред на групи
- Информативна кампања: постери, социјални мрежи, најави на час
- Поставување пано за „Мозаик на иницијативи“
- Реализација
- Воведна активност: брз квиз или игра на асоцијации поврзани со праведност и учество
- Работа во мешани групи: секоја група добива задача да осмисли иницијатива
- Секој ученик остава свој „дел од мозаикот“ со предлог, мислење или идеја
- Презентација на сите идеи
- Учениците добиваат можност да гласаат за иницијативи што сакаат да ги поддржат
- Изложба со парчињата мозаик и со иницијативите – останува како инспирација во училиштето
- По изложбата, наставничкиот совет и педагогот можат да разгледаат кои од иницијативите можат да се имплементираат во училишниот план.

Училиште
СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Александра Стојчевска
- Антонио Наумоски
- Андреј Цветаноски
- Ангела Анѓелеска
- Ива Талеска
- Раде Милошески
- Петар Донку
- Димитар Златески
- Теодора Милкова
- Илинка Јованова
- Зоја Кардула
- Афродита Секуловска
- Христина Стојоска
- Леонид Бутракоски
- Теодор Николоски
- Атанас Ташкоски
- Валентина Спасеска
- Иле Јованоски
- Деана Наумоска
- Зорица Кузманоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.