Големи и мали
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Компјутер,
- Проектор,
- Звучници,
- ИКТ–алатки (Genially, ChatGPT и Padlet)

Цели
- Поттикнување позитивна комуникација, решавање конфликти и градење лична и социјална одговорност кај учениците преку развој на вредности како почитување, ненасилство и емпатија.
- Поддршка на активно учество и соработка на учениците преку употреба на ИКТ-алатки (Genially, ChatGPT и Padlet) за креативно изразување, комуникација и претставување идеи.
Очекувани резултати
- Подобрена е комуникацијата помеѓу учениците од различни возрасти („мали“ и „големи“), со намалено ниво на вербално врсничко насилство.
- Учениците покажуваат зголемена свест, активно учество и применуваат вредности како почит, ненасилство и емпатија во секојдневната училишна средина.

- Подготовка
- Состанок со учениците од IX одделение за разговор на тема „Ученичко учество и ненасилство“.
- Учениците од IX одделение, во соработка со наставник, подготвуваат презентација во Genially, користејќи алатки за создавање слики и текстови како што е ChatGPT .
- Презентацијата содржи реални ситуации и совети поврзани со вербално насилство.
- Наставниците или ученичкиот тим подготвуваат Padlet ѕид (или пано за физички пораки).
- Реализација
Учениците седат во групи, двајца ученици од деветто одделение и двајца ученици од петто.
Запознавање преку активност „Две вистини и една лага“
- Учениците во своите групи се запознаваат преку интерактивна игра во која секој кажува три информации за себе, од кои една не е точна.
- Активноста служи за градење доверба и разигрување.
Презентација на тема вербално насилство
- Учениците од IX одделение ја претставуваат подготвената Genially презентација.
- Споделуваат свои искуства, препознаени проблеми и можни решенија, водејќи дискусија со учениците од V одделение.
- Се поттикнува активна вклученост преку поставување прашања и коментари.
Креативна активност – „Ѕид на добрина“
- Секој пар (еден ученик од IX и еден од V) создава позитивна порака или совет (на пример: „Зборовите можат да лечат – користи ги паметно!“).
- Пораките се внесуваат во Padlet или се лепат на заеднички пано „Ѕид на добрина“.
Рефлексија и завршен круг
- Сите учесници учествуваат во краток разговор: „Што научив денес?“
- На учениците им се предлага предизвик за добрина: да кажуваат најмалку еден убав збор секој ден во текот на следната седмица.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Јана Андреевска
- Анамарија Атанасовска
- Неда Блажевска
- Никола Божиновски
- Развигор Бошевски
- Лара Ефтимова
- Марко Иванов
- Софија Иваноска
- Ана Јовановска
- Мартин Казанковски
- Билјана Стојаноска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.