Прегледи: 100
Безбедно стигни до целта
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како да се подигне свеста за опасностите од небезбедни и опасни игри кај учениците од предметна настава, а со цел да се зајакне чувството за безбедност?
За активноста
Форми на работа
Групна работа
Време на реализација
25 до 30 минути
Возраст
ученици од VI до IX одделение
Локација
Во училница, може и во училишниот двор, кога дозволуваат временските прилики
Потребни материјали
- Отпечатена шема за играње на играта (Прилог 1: Безбедно стигни до целта: ПДФ-документ со шаблон за игра).
- Безбедно стигни до целта – Прилог 2: Список со задачи – предизвици за секој тим (документ со задачи – предизвици за тимовите). Во списокот се дадени насоки за бодување на одговорите (едно поле напред за секој точен одговор и “паузирање“ за неточни одговори).
- 1 коцка за играта „Не лути се човече“
- 4 жетони (жолта, зелена, сина и црвена боја) или копчиња, или картички во наведените бои

Цели
- Подигање на свеста на учениците за опасности кои ги демнат додека играат одредени игри дома, во дворот / на улицата каде живеат или во училиште
Очекувани резултати
- Стекнати информации и подигната свест кај учениците за опасности кои демнат во некои игри со што се зголемува безбедноста на учениците
- Најмалку 10 ризични ситуации препознаени и дискутирани од тимовите

Чекори
- Подготовка
- Подготовка на материјалот потребен за играта (шема за играта, список со задачи / предизвици, 1 коцка за играта „Не лути се човече“ (или за јамб), 4 жетони или копчиња или картички во следните бои: жолта, зелена, сина и црвена)
- Избор на училница и определување време во која ќе се одржува активноста
- Местење на просторијата (клупите и столчињата се тргаат покрај ѕидовите, во средина се остава една клупа на која е поставен потребниот материјал и евентуално неколку столчиња доколку некој има тешкотија да стои околу 30 минути.
- Поделба на учениците во 4 тима (учениците се бројат со изговарање на броеви по ред од 1 до 4 , потоа сите со број 1 се во група жолти, сите во број 2 се група сини, број 3 се група црвени и број 4 се група зелени). Сите од групата застануваат во близина до полето на шемата со определена боја за нивната група.
- Реализација
- Се објаснува упатството за играта (Прилог 3: Упатство за играње на играта), Играта се игра слично како „Не лути се човече“, секој тим игра во полињата со својата боја.
- Секој тим се распределува покрај полето со боја определена за тимот (жолта, сина, црвена или зелена). Во тимот, се определува кој ученик прв ќе ја фрла коцката (потоа, во следните кругови, останатите учесници фрлаат еден по друг).
- Првиот тим ја фрла коцката и го чита бројот кој се паднал. Наставникот кој ја води активноста (или стручниот соработник) чита од списокот со предизвици еден од предизвиците означени под тој број. (пример за предизвик: другарите те викаат да пукате петарди и ти кажуваат дека ако не дојдеш ќе ти се налутат и нема повеќе да се дружат со тебе. Дали ќе го прифатиш предизвикот? Објасни зошто одлучи да го прифатиш или да не го прифатиш предизвикот!).
- Членовите на тимот, преку дискусија, се договараат за одговорот кој ќе го дадат и определуваат кој ќе го каже одговорот.
- Претставникот од тимот го кажува одговорот и наставникот соопштува дали одговорот е точен или не е. Доколку одговорот е точен, групата го поместува својот жетон едно поле напред, а ако одговорот е погрешен, жетонот останува во истото поле. Потоа коцката ја фрла следниот тим и постапката се повторува.
- Групата која ќе дојде прва до полето број 6 добива наградно одење напред и влегува во средишниот простор. Останатите групи ја продолжуваат играта земајќи предвид дека максимален број полиња кои можат да ги освојат се 6 полиња.
- По завршувањето на играта се пофалува победничкиот тим, но се истакнува дека сите тимови се победници бидејќи успешно соработувале и сите дале свој придонес кон подобрувањето на безбедноста на учениците.
- Заклучок: Некои игри кои ги играат учениците се опасни и небезбедни и можат да го загрозат здравјето и безбедноста на учениците. Препорака е да се одбегнуваат таквите игри (да се наведат некои од опасните игри кои ги навеле учениците во претходниот дел од играта).
- Доколку некој од одговорите предизвика коментари од тимовите, може да се поведе дискусија за да се разгледаат ставовите на секој тим па, сите да донесат заедничко мислење за тоа дали таа игра е безбедна или не.
- Активноста завршува со меѓусебно честитање.

Училиште
ООУ „Јоаким Крчоски“ Ѓорче Петров Скопје
Ментор
Александра Блажевска
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Христина Турмакоска
- Дарија Ангелова
- Павел Димоски
- Тоше Грозданоски
- Марин Боцески
- Сара Трајкоска
- Дамјан Павловиќ
- Мануела Петрова
- Калина Ќуиќ
- Јана Ливриниќ
- Софија Трпевска
- Мирослав Тодоровски
- Мила Апостолова
- Калина Никодиновска
- Софија Донева
- Петар Јуруков
- Дарко Стојановски
- Моника Василеска
- Марина Димовска
- Љупка Христова
- Катица Георгиева
- Кире Николоски
- Ана Настова
- Слаѓана Новеска Трајковска
- Јасмина Стојановска
- Даниела Кимоска
- Гордана Несторовска
- Матеј Ангеловски
- Љупка Велковска
- Давид Гоцев
- Леон Савевски
- Јована Кузмановска
- Рената Занеттоу
- Соња Лазороска
- Босилка Симоноска Донева





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.