Игри без граници 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можело да ја зголемиме вклученоста во воннаставните училишни активности на неактивните ученици во предметна настава, a со цел поактивен училиштен живот?

За активноста

Форми на работа

Тимска работа, кооперативна работа, индивидуално учество

Време на реализација

1 час

Возраст

ученици од VI до VIII одделение

Локација

Училишна спортска сала

Потребни материјали

  • Спортски реквизити (хулахоп, топки, јажиња, обрачи, греди, пластични шишиња, лажици, столчиња, пластични топчиња, кутии)
  • Обележани дресови за тимовите
  • Судиска свирка
  • Табела за резултати
  • Фломастери и постери за навивачи
  • Озвучување за музика и најави
  • Пофалници/дипломи за учесниците

Цели

  • Да се поттикне тимскиот дух, соработката и вклученоста на сите ученици, особено на помалку активните, преку заеднички спортски и училишни активности.
  • Да се промовираат спортски и здрави навики, ферплеј и почитување на правилата, со цел унапредување на комуникацијата и заемното почитување меѓу учениците од различни одделенија.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе покажат зголемена вклученост и ангажираност во воннаставни активности, што ќе придонесе за подобрување на тимската работа и меѓусебните односи.
  • Учениците ќе развијат свест за важноста на здравиот начин на живот и ќе придонесуваат кон создавање позитивна и училишна атмосфера во која се поттикнува поддршка.
  • Зголемување на бројот на ученици што се пријавуваат за следни воннаставни активности
Чекори
  • Подготовка

    Состанок на ученичкиот парламент:

    • Се одржува состанок со членовите на парламентот на кој:
      • Се формираат организациски тимови (логистика, промоција, судии, техничка поддршка, медиумски тим).
      • Се дефинира структурата на игрите, вклучувајќи го бројот на активности, видот на игри (на пример: штафети, натпревари во прецизност, тимски предизвици и сл.).
      • Се извршува доделување на улогите на учениците и на наставниците: координатори, судии, водители, фотографи.
      • Се утврдуваат потребните спортски реквизити (јажиња, топки, конуси, обележувачи и сл.).

    Формирање и организација на тимовите:

    • Тимовите заедно со организаторите договараат:
    • Имиња на тимовите (креативни, мотивирачки)
    • Боја на дресови или симболи за разликување (маици, ленти, ознаки)

    Промотивна кампања:

    • Промотивниот тим ученици:
      • Подготвува постери и флаери со датум, време и место на настанот.
      • Создава визуелен материјал за објавување на училишната веб-страница и на социјалните мрежи.
      • Организира информативни посети по паралелки за анимирање на учениците.

    Изработка на пофалници и дипломи:

    • Тимот за признанија подготвува:
      • Пофалници за сите учесници – со цел вклученост и мотивација.
      • Дипломи и симболични награди за победничките тимови (најспортски тим, најфер играч, најкреативен тим).

    Подготовка на спортски реквизити:

    • Се составува список со потребна опрема.

    Тимот за логистика:

    • Проверува што има на располагање во училиштето.
    • Ги подготвува/позајмува/набавува останатите реквизити пред денот на настанот.

    Избор на водители и судии:

    • Се избираат харизматични ученици кои ќе бидат водители на настанот.
    • Наставници, родители и ученици со искуство или интерес за спорт стануваат судии за различните игри.

    Подготовка на сценарио за водителите:

    • Се подготвува текст за водителите кој содржи:
      • Вовед во настанот
      • Претставување на тимовите
      • Најава на игрите
      • Мотивациски пораки и најави на победниците

    Ангажирање на наставничка поддршка:

    • Се избираат наставници-ментори кои ќе им бидат логистичка и организациска поддршка на учениците.
    • Тие ќе помогнат во координацијата на активности, следење на дисциплина и безбедност за време на настанот.
  • Реализација

    Воведно обраќање и објаснување на правилата на игрите

    • Настанот започнува со кратко обраќање од организаторот или водителот. Во оваа фаза:
      • Се поздравуваат присутните (учесници, публика, наставници/организатори).
      • Се претставува целта на настанот – дружење, натпреварување, забава и спортски дух.
      • Се објаснуваат кратко правилата на игрите – колку екипи учествуваат, какви се игрите (штафетни, натпреварувачки), како се освојуваат поени и што се очекува од секој тим.
      • Се истакнува важноста на ферплеј, тимска работа и меѓусебно почитување.

    Влечење на паровите тимови кои ќе се натпреваруваат

    • Секој тим добива број или симбол.
    • Со помош на лотарија (ждрепка) или кутија со ливчиња, се извлекуваат парови кои ќе се натпреваруваат еден против друг.
    • На пример: Прв пар – Тим 1 наспроти Тим 2, Втор пар – Тим 3 наспроти Тим 4.
    • Се запишува редоследот на натпреварите на видно место (табла, флипчарт).

    Реализација на штафетните игри со првите два тима

    • Првите два тима излегуваат на терен/полигони.
    • Се објаснува конкретната игра (пример: трчање со пречка, носење топка со лажица, облекување костими и сл.).
    • Судија/организатор го означува почетокот.
    • Се следи правична игра и време на завршување.
    • Се евидентира победничкиот тим.

    Реализација на штафетните игри со третиот и четвртиот тим

    • Истата постапка како со првите тимови.
    • Играчите ги извршуваат задачите по истите правила.
    • Се евидентира победникот, како и времето за споредба (ако е важно за рангирање).

    Прогласување на победничкиот тим од игрите

    • Се објавува победникот на целиот настан.
    • Тимот се повикува пред сите, се честита за победата.
    • Ако има рангирање, се објавуваат и второ и трето место.

    Доделување признанија и награди

    • На победниците им се доделуваат медали, дипломи, подароци или признанија.
    • Можат да се доделат и специјални награди (најсплотен тим, најкреативен тим, ферплеј награда).
    • Секој тим може да добие симболично признание за учество.

    Завршна групна фотографија

    • Сите учесници, организатори и гости се собираат на едно место.
    • Се прави официјална фотографија од настанот – за спомени, медиуми, социјални мрежи.
    • Може да се вклучи и кратко завршно обраќање и благодарност за учеството.

Училиште

ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Соња Трифуновска
  2. Маја Михајлоска
  3. Зоран Јованоски
  4. Дрита Малсиа
  5. Сермијете Идризи
  6. Матеј Дојчиновски
  7. Мартина Трајческа
  8. Ниса Кочиштe (Nisa Koçishte)
  9. Ноар Касами (Noar Kasami)
  10. Дијана Савеска
  11. Марија Спироска
  12. Анамарија Спировска
  13. Лиjана Бајрами (Lijana Bajrami)
  14. Кристина Стојческа
  15. Дарио Матески
  16. Сонила Мустафи (Sonila Mustafi)
  17. Едис Идризи (Edis Idrizi)
  18. Илија Петровски
  19. Елона Шабани (Elona Shabani)
  20. Лендар Идризи (Lendar Idrizi)

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.