Стрипови за промена
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Отпечатени работни листови со приказни.
- Компјутери или хартија и материјал за цртање.

Цели
- Учениците да се запознаат со позитивни вредности;
- Учениците да умеат да препознаат видови социјална дискриминација поттикната од финансиска природа и начини како да ја избегнат или да се справат со истата.
Очекувани резултати
- Учениците препознаваат видови социјална дискриминација поттикната од финансиска природа.
- Учениците умеат да ја избегнат и да се справат со истата доколку се жртви на таков вид дискриминација.

- Учениците од училипниот тим работат заедно и создаваат 4 приказни инспирирани од нивни искуства, искуства на нивните соученици или членови од семејството. Ги подготвуваат приказните и пишуваат наслов за секоја приказна.
- Со помош на апликацијата https://www.pixton.com/ или https://www.canva.com/ создаваат стрип според текст од приказната што најмногу им се допаднала.
- Создадениот стрип се споделува на социјалните мрежи, на Фејсбук-страната на училиштето и на веб-страницата, со цел да се подигне свеста за социјалната дискриминација, последиците кои ги има врз луѓето и како да се справиме со неа.
Како вовед во активноста, учениците од училишниот тим ги прашуваат останатите ученици дали се запознаени со зборот „дискриминација“, што значи тој збор и со каков вид дискриминација досега се соочиле.
Потоа, учениците треба да бидат поделени во групи од по 4 или 5 ученици. Им се даваат претходно отпечатени материјали со приказните креирани од страна на училишниот тим и наслови на приказните. Учениците во групата заеднички ги читаат текстовите и ги поврзуваат со соодветниот наслов.
По завршувањето на активноста, учениците добиваат насоки како да изработат стрип за приказната која најмногу им се допаднала на една од понудените веб-страници или, доколку нивните дигитални вештини не се доволно развиени, тоа може да го направат со тоа што стрипот ќе го нацртаат на лист хартија. Изработените стрипови се изложуваат во училиштето и се објавуваат на социјалните мрежи и на веб-страницата на училиштето.
Прилози

Училиште
Ментор
- Александра Блажевска
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Емилија Стојановска
- Кристина Ѓоргиевска
- Габи Николовска
- Андриана Митевска
- Томислав Паневски
- Сара Ѓошевска
- Ана Младеновска
- Јована Богдановска
- Михаил Ивановски
- Сташа Стојановиќ
- Ана Марија илиевска
- Џезида Аслани
- Меридуш Селими





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.