Пинг-понг за почит и другарство

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ја подобриме дружбата и комуникацијата меѓу учениците од различна возраст, со цел да се намали насилството?

За активноста

Форми на работа

Во парови

Време на реализација

3 часа

Возраст

Ученици од VI до IX одделение

Локација

Фискултурна сала

Потребни материјали

  • Пинг-Понг маси, рекети, топчиња, мрежа.
  • Корпи за отпадоци.
  • Листа за резултати од натпреварот
  • Правилник (Прилог)
  • Дипломи
  • Постер

Цели

  • Подобрување на другарувањето меѓу учениците преку спортски активности;
  • Намалување на насилството меѓу учениците;
  • Развивање здрав животен стил.

Очекувани резултати

  • Намалено насилство меѓу учениците во корист на развиено другарство;
  • Учениците ќе соработуваат со другите во остварување на заеднички цели;
  • Учениците ќе ги користат сопствените искуства за да го приспособат сопственото однесување;
  • Учениците ќе развијат здрав животен стил.
Чекори
  • Подготовка
    • Се прави избор на членови на тимот за организација на активностите.
    • Тимот прави избор на неколку спортски активности, во зависност од тоа што училиштето може да обезбеди.
    • Се поставуваат правила за одржувањето на натпреварите и за учеството.
    • Се обезбедува потребната опрема.
    • Се обезбедува простор за гледачите.
    • Се прави и споделува образец за пријавување членови на тимови.
    • Се прави избор на членови на натпреварувачки тим.
    • Се прави распоред за текот на натпреварите.
    • Се прави избор на редари, судија и фотограф.
    • Се прави плакат за известување за време, место и правила.
    • Се одбираат симболични награди за победниците.(опционално)
    • Се изработуваат и печатат дипломите.



  • Реализација

    Пред почетокот на натпреварите:

    • се прави проверка за безбедноста и чистотата на теренот.
    • се поставуваат реквизитите за натпреварот.
    • редарите ги спроведуваат натпреварувачите и публиката.

    Се одржува натпреварот.

    По натпреварот:

    • се прогласуваат победници и се доделуваат дипломи.
    • се прави проверка дали нешто е оштетено, оставено или заборавено, се чисти просторијата каде што се одржал натпреварот.
    • се изготвува постер со слики од настанот и се објавува.



Училиште

ООУ„Војдан Чернодрински“, Скопје

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Љупка Миленковиќ
  2. Кристина Цветковска
  3. Татјана Неческа
  4. Дариа Хабахбех
  5. Леа Кермитчиева
  6. Луна Киткањ
  7. Сара Начевска
  8. Ана Лазарова
  9. Мартин Стојановски
  10. Андреј Аврамовиќ

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.