Општи информации
Доколку успешно сте ги реализирале зададените активности (квиз и/или реализирана активност) по завршување на квизот сертификатот автоматски ќе ви се генерира и постави на вашиот профил. За добивање на сертификат на Албански јазик потребно е да ја пополнитe следнава форма: https://forms.office.com/e/vv8ECsuJ32
Креирањето на профил ви овозможува да пристапите кон содржината на курсот и сите дополнителни ресурси. Воедно на вашиот профил се зачувава вашиот прогрес и од него се повлекуваат вашите податоци при генерирање сертификат.
Не. Во моментов опцијата за видливост на профилите не е активна. Истата може да стане активна по барање на авторот/ите на курсот/евите и ќе биде специфично наведено во самиот курс.
За признавање на овие сертификати мора да се обратите до релевантните институции особено ако се работи за специфичен повик. Во однос на бодувањето, истото е наведено во самиот сертификат и зависи од должината на курсот.
Вашиот профил останува активен и преку него може да извршите обнова на вашата лозинка. Односно преку пристапот во менито до полето Најава -> Ја заборавивте лозинката?, можете да ја смените вашата лозинка и да пристапите до вашиот профил. Дополнително може да не контактирате на [email protected]
За дополнителни прашања и/или сугестии контактирајте не на [email protected]
Само дел од курсевите вклучуваат транскрипција на албански јазик. Во самиот опис на курсевите, најчесто во полето со клучни информации е наведено на кои јазици е достапен самиот курс.
Следење курсеви
Преку пристапот до менитот „Курсеви“ го избирате кусот што сакате да го следите преку копчето „Започни со учење“. За да започнете со следење на курсот, во десниот дел на екранот, веднаш под сликата на курсот, ќе ви се појави копче „Започни го курсот“ што ќе ви овозможи пристап до содржината. Дополнително, до различни модули може да пристапите и преку делот „Програма“ со избирање на посакуваната лекција.
Во самиот дигитален курс е наведено времето потребно за успешна реализација на курсот.
Сите понудени курсеви и ресурси се бесплатни за следење и преземање доколку истото не е поинаку наведено на самиот курс. До овој момент сите курсеви се бесплатни.
Во самиот курс ќе бидат наведени условите за стекнување со сертификат. Доколку курсот содржи квиз/ови, практикуваме да има точен одговор на најмалку 70% од поставените прашања.
Не. Сертификатот содржи информации за датумот на завршување на курсот, вкупен број на часови посветени за усшпешна реализација, како и QR код за валидација на сертификатот.
По завршувањето на курсот и валидацијата на сертификатот достапни се само видео материјалите. Препорака е дополнителните ресурси да ги преземате локално на вашиот уред (компјутер или сл.) за време на следењето на курсот.
Упатство за користење на платформата
Упатстовто за користење на платформата може да го прегледате во самиот курс во лекцијата – Упатство за користење на платформата.
Формулар за двојазичен сертификат
Доколку имате потреба од издавање на двојазичен сертификат Ве молиме внимателно и точно пополнете го ова барање.
