Безбедност на интернет (CyberSafety) се однесува на заштитата на личните информации од неправилна употреба преку заштита на компјутерските системи и мрежи. Во овој модул фокусот е на основните поими од различни аспекти на безбедност на интернет, со цел да се намали ризикот од кражба на податоци, малвери, фишинг и други видови кибер напади.
Онлајн идентитетот ги опфаќа сите форми на онлајн присутност на едно лице: корисничко име, фотографии, статуси, активности на социјални мрежи, итн. Создавањето и одржувањето на безбеден онлајн идентитет се однесува на примена на мерки за заштита на овие информации.
М3 - Безбедно споделување и комуницирање на интернет
Безбедната и етичка комуникација на интернет бара почит од и кон другите, но и лична одговорност. Со следење на одредени принципи, може успешно да се изгради позитивна присутност и безбедно комуницирање на интернет.
Позитивната комуникација со почит, емпатија, толерантност и користење на позитивен тон креира здрава заедница на интернет. Целта на овој модул е токму да се задржи на принципите кои се критични за да се изгради една здрава и конструктивна онлајн средина.
Интернетот е дел од дигиталниот свет во кој не е лесно безбедно да се навигира. Има премногу информации и можности, но не се сите точни и безбедни. Овој модул се однесува токму на препознавањето и справувањето со лажните вести и измами, преку развивање на критичкото размислување и можностите да се пријават недоследностите, несоодветните информации и чувството на лична небезбедност.