Запознајте го предавачот Перица Сарџоски, образовен експерт со долгогодишно искуство во примена на ИКТ-алатки во наставата. Како директор на настава и професор по англиски јазик во „Пегасус ЕЛС“ во Тетово, Перица работи на промоција на „училиште без хартија“. Неговите иновативни програми, како што е програмата „Дигитална писменост на англиски јазик,“ се финалисти на ELTons Innovation Awards и дел од глобалната колекција на HundrED. Како координатор на видеоупатства и вебинари во рамките на проектот „ЕДУИНО“ на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, Перица изработуваше образовни содржини и спроведуваше вебинари со иновативни теми. Во последно време, тој се фокусира на интеграцијата на вештачката интелигенција во наставата, креирајќи интерактивни материјали за учениците.