Здраво и добре дојдовте на нашата платформа и на онлајн курсот „Примена на ИКТ-алатките во секојдневната настава“ (основно ниво). Овој курс е насочен кон развивање на дигиталните вештини кај наставниците од основните и средните училишта. Преку пет модули, ќе научите како да користите интернет-прелистувачи, Google Docs, Google Drive, Google Slides, Google Sheets, Google Forms, Sway, WordClouds, LearningApps и Wordwall. Овие алатки ќе ви помогнат да создадете интерактивни образовни материјали, да го олесните колаборативното учење и да воведете гејмификација во вашата настава. Во следните неколку минути ќе ве запознаеме со модулите што ќе ги опфатиме во рамките на овој курс.