Зборовите имаат сила – користи ги мудро!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Компјутер / печатач
- Костими, реквизити
- Сценарио во печатена форма
- Самолепливи листови хартија, фломастери
- Табла или голем постер

Цели
- Да се поттикне коректно однесување на интернет и во секојдневната комуникација, преку подигнување на свеста за последиците од врсничкото насилство и создавање култура на почитување меѓу учениците.
Очекувани резултати
- Учениците препознаваат и реагираат на неприфатливо однесување.
- Ја применуваат етичката комуникација онлајн и офлајн.
- Изразуваат емпатија и одговорност како сведоци на врсничко насилство.
- Придонесуваат кон позитивна училишна клима преку уметнички и креативни изрази.

- Подготовка
Формирање тим:
- Ученици-членови на училишниот тим се организираат во тимови со различни улоги:
- Актери (жртва, насилник, сведоци, наставници, родители)
- Сценаристи
- Режисери
- Сценографија/костимографија
- Техничка поддршка (музика, светло и реквизити)
Креативна сесија:
- Интерактивна дискусија за:
- Што е врсничко насилство?
- Како се чувствуваат жртвите?
- Што може да направи сведок на насилството?
- Учениците заеднички ги предлагаат насловот, темата и пораката на драмата. Наставниците ги насочуваат, но не ја диктираат креативноста.
Разработка на сценарио:
- Се работи по групи. Се внимава сцените да бидат:
- Реалистични
- Со силна порака
- Со морална поука
- Се чита, се усовршува и се прават проби со костими и музика.
Комуникација со публика:
- Учениците изработуваат постери, покани и најави за изведбата кои ги поставуваат низ училиштето или на училишните канали.
- Одредување датум и час за изведба. Планирање публика: Кои одделенија ќе гледаат, кои наставници се вклучени.
- Реализација
Изведба на драмата и вклучување интерактивни елементи со публиката :
- Учениците ја претставуваат драмата пред своите соученици. Во сцените се вметнати интерактивни прашања за вклучување на публиката (пр. „Што би направиле вие на местото на сведокот?“), со цел и останатите ученици кои ја слушаат да можат да прашаат, да одговорат или активно да учествуваат во истата.
Модерирана дискусија:
- Наставникот/модератор иницира рефлексија преку прашања:
- Кои сцени ви оставија најсилен впечаток?
- Што научивте?
- Како би реагирале во слична ситуација?
- Како можеме сите да помогнеме да се спречи врсничкото насилство?
Креативна активност – пораки на стикери:
- Учениците запишуваат пораки на тема: пријателство, поддршка, ненасилна комуникација. Потоа ги лепат на постер со наслов: „Зборовите имаат сила – користи ги мудро!“

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Драгана Митрушева
- Јованка Ефтимова
- Славица Конева
- Јана Јовева
- Лаура Димковска
- Мелда Велиова
- Мила Зафирова
- Стефанија Костадинова
- Тамара Арсова
- Лука Петров





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.