Заедно oдлучуваме!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Хартија и пенкала за секој учесник
- Голема табла или постер за запишување идеи
- Самолепливи ливчиња или картички за гласање
- Простор кој е лесно достапен за сите ученици

Цели
- Да се поттикне активно учество на учениците со физичка попреченост во донесување одлуки во училиштето.
- Да се создаде пријателска и инклузивна средина во која секој глас е вреднуван и почитуван.
- Да се зголеми самодовербата и мотивацијата на учениците преку нивното директно учество во одлуките кои влијаат на нивниот училиштен живот.
Очекувани резултати
- Учениците со физички попречености се чувствуваат повеќе вклучени во училишната заедница и мотивирани да придонесат со своите идеи.
- Создадена атмосфера на прифаќање и разбирање, што ја зајакнува инклузијата во училиштето.
- Развиена свест кај учениците за значењето на разновидноста во донесувањето одлуки.

- Подготовка
Организирање инклузивен тим за донесување одлуки:
- Тимот ученици кои ја организираат активноста се грижи просторот за работилницата да биде достапен за сите ученици и приспособен според потребите на учениците со физичка попреченост.
- Тимот ги охрабрува сите ученици – со или без попреченост – да се пријават за да учествуваат во работилницата.
Подготовка на теми и прашања за дискусија:
- Подгответе неколку теми или прашања поврзани со училишните активности, како на пример: „Какви училишни активности би сакале да имаме оваа година?“ или „Како можеме да го направиме училиштето поинклузивно?“
- Секој учесник има можност да додаде теми кои смета дека се важни за дискусија.
- Реализација
Започнување на активноста:
- Организацискиот тим започнува со кратко објаснување за целта на активноста – да се слушнат сите мислења и да се вклучат сите во донесување одлуки.
- Тимот ги поттикнува учениците да го споделат своето искуство и да предложат идеи за подобрување на училишниот живот.
- Учениците се поделени во мали групи, во кои секој член може да ги сподели своите идеи и да одговори на поставените прашања.
Групно генерирање идеи:
- Во секоја група, учениците ги дискутираат темите и ги запишуваат своите идеи на голема табла или постер. Секоја група има „говорник“ кој ќе ги претстави идеите пред сите.
- Оваа дискусија им овозможува на сите ученици – особено оние со попреченост – да се изразат и да ја споделат својата перспектива.
Презентирање на идеите и гласање:
- По завршувањето на дискусијата, секоја група го претставува своето резиме пред сите учесници. Организацискиот тим поставува табла каде што се наведени сите предложени идеи.
- Учениците добиваат самолепливи ливчиња или картички за гласање, со кои можат да гласаат за идеите што им се допаѓаат најмногу. Идеите со најмногу гласови се сметаат за приоритетни и ќе бидат дел од финалниот план за училишните активности.
Создавање план за акција:
- Организацискиот тим заедно со учесниците ги избира најдобрите идеи и создава конкретен план за нивно спроведување. Секој учесник е поканет да биде дел од имплементацијата на активностите кои биле избрани.
- Учениците со попреченост се дел од тимот, што дополнително ќе ја поттикне нивната мотивација и самодоверба.
Дополнителни активности:
- Организацискиот тим може да изработи постер со сите идеи и да го постави на видно место во училиштето, како потсетник за поддршката и инклузијата што е создадена преку оваа активност.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Елена Бошеска
- Душица Трајкоска
- Меги Ангелеска
- Вилијам Спиркоски
- Марко Стојаноски
- Марко Ванчев
- Натали Којев
- Ангела Кочоска
- Снежана Милошевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.