Заедно до совршена екскурзија!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Табла за идеи и предлози
- Мемо-стикери за идеи (различни бои за различни категории)
- Маркери и фломастери
- Кутии за гласање и анкети
- Лаптопи или таблети (изборно, за истражување на дестинации)

Цели
- Да се поттикне активно учество на учениците во донесување одлуки за училишни екскурзии.
- Да се развие тимска работа и да се подигне свеста за важноста на заедничкото донесување одлуки.
- Да им се овозможи на учениците да ги искажат своите идеи и да ги споделат своите интереси во врска со училишните патувања.
Очекувани резултати
- Учениците се чувствуваат вклучени и вреднувани во процесот на донесување одлуки.
- Создаден позитивен училиштен дух преку заедничка работа и соработка со наставниците и училишниот тим.
- Зголемен интерес за училишните екскурзии преку осмислување на патувања што одговараат на интересите на учениците.

- Подготовка
Организација на „Тим за патувања“:
- Се формира ученички тим кој ќе ја води активноста и ќе биде одговорен за собирање идеи од соучениците.
- Тимот го подготвува просторот со табла или постер каде што учениците ќе можат да ги запишуваат своите идеи за патувања. Се поставуваат мемо-стикери во различни бои, каде што учениците можат да пишуваат предлози за дестинации, активности и логистички потреби.
Создавање категории за идеи:
- Тимот создава различни категории идеи, како што се дестинации, цели на екскурзијата, поврзаност со наставните содржини кои се обработуваат, активности на екскурзијата и сл.
- Секој ученик има можност да придонесе со идеи во секоја од категориите, што ќе ја направи екскурзијата покреативна и приспособена на интересите на сите.
- Релизација
Собирање идеи:
- Организацискиот тим ја започнува активноста со вовед, поттикнувајќи ги учениците да ги искажат своите идеи за екскурзијата. Тимот им објаснува дека сите идеи ќе бидат разгледани и дека нивното мислење е важно за изборот на дестинација.
- Учениците запишуваат своите идеи на мемо-стикери и ги поставуваат на таблата според соодветната категорија. Тимот им помага и им поставува прашања како: „Која дестинација би сакале да ја посетите и зошто?“ и „Какви активности би сакале да имаме на екскурзијата?“.
Групна дискусија и претставување на идеите:
- Тимот организира кратка дискусија за секоја категорија, каде што сите ученици имаат можност да претстават што предложиле. Ова е одличен начин да се слушнат и да се разгледаат сите идеи, додека тимот ги бележи омилените предлози.
- Секој предлог се разгледува со помош на „кутија за гласање,“ каде што учениците можат да гласаат за своите омилени идеи. На пример, за дестинации, секој ученик добива гласачка картичка и ги избира најинтересните предлози.
Гласање и финален избор:
- По завршувањето на дискусијата и претставувањето на идеите, организацискиот тим ги собира сите гласови и ги одредува предлозите што добиле најголема поддршка. На овој начин, тимот го организира финалниот избор за екскурзијата.
- Учениците можат да се приклучат кон планирањето на патувањето, како на пример да истражат дестинации и логистички детали или да работат на донесување кодекс за однесување на екскурзија. Секој тим може да помогне во конкретен аспект на планирањето.
Претставување на патувањето пред училишното ракводство:
- Организацискиот тим подготвува кратка презентација од омилените идеи на учениците и ја споделува со наставниците и училишното раководство, предлагајќи го финалниот предлог за училишната екскурзија.
- Оваа презентација може да вклучува детали како дестинација и активности, што ќе ја направи екскурзијата интересна и соодветна за сите.
Завршна рефлексија:
- По презентацијата, организацискиот тим може да организира кратка сесија за рефлексија каде што учениците можат да зборуваат за тоа што научиле од процесот на донесување одлуки и кои нови идеи би сакале да ги предложат за идни патувања.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Ланче Абазовски
- Bora Korumi
- Afrona Lleshi
- Zog Fetahu
- Redon Jajaga
- Siera Cami
- Едина Мифтароска
- Леонида Абазовска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.