Во моите чевли
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Листови хартија, маркери, пенкала, моливи.
- Табла (проектор).
- Картички со приказни.

Цели
- Учениците ќе се стават во туѓи чевли и ќе размислуваат за чувствата и предизвиците на другите, што ќе ја зголеми нивната емпатија и разбирање.
- Преку идентификување на потребите и предизвиците на различни ученици, активноста ќе помогне во создавање на поинклузивна училишна средина.
- Претставувањето на идеи пред групата ќе им помогне на учениците да ја зголемат својата самодоверба и вештини за јавно говорење.
Очекувани резултати
- Зголемена емпатија
- Подобрена инкулзивноста
- Подобрени социјални врски и поттикната соработка

Определување на времето
- Определување и планирање колку време ќе биде потребно за секој дел од активноста (формирање групи, читање и размислување, мапирање на емпатија, групно споделување, рефлексија).
- Одредување датум и време кога ќе се одржи активноста.
Подготовка на материјали
- Подготовка и печатење картички со различни сценарија кои учениците би можеле да ги искусат на училиште.
- Обезбедување големи листови хартија за секоја група за создавање „мапа на емпатија“.
- Обезбедување маркери и пенкала за секоја група.
- Подготвување табла или проектор за презентирање на сценаријата и мапите на емпатија.
- Поделба на учениците во мали групи од 4-5 ученици, поттикнувајќи ги да комуницираат со ученици кои не ги познаваат многу добро.
- Подготвување јасни и детални инструкции за секој дел од активноста и споделување со учениците.
Организација на просторот
- Обезбедување соодветен простор каде што учениците ќе можат да работат во мали групи и да ги претстават своите идеи пред целата група.
- Поставување на материјалите (хартија, маркери, лепливи белешки) на достапни места за секоја група.
- Проверка на паметна табла или проектор.
Формирање групи
- Формирање мали групи од 4-5 ученици.
Картички со приказни
- Секоја група ќе добие сет од „картички со приказни“. Овие картички опишуваат различни сценарија што учениците би можеле да ги искусат на училиште. На пример: Ученик кој користи инвалидска количка се движи по преполни ходници; Ученик кој се бори со социјална анксиозност за време на групни активности; Ученик кој е нов во училиштето и не го зборува течно јазикот.
- Групите ги читаат картичките со приказни на глас и разговараат за секое сценарио. На пример: Што мислите, како се чувствува ученикот во приказната?; Со какви предизвици би можел да се соочи?; Како би можела училишната средина да се приспособи за подобра поддршка на овој ученик?
Изработка на мапа на емпатија
Секоја група ќе создаде „мапа на емпатија“ за едно од сценаријата. На голем лист хартијa учениците цртаат четири квадрати и ги означуваат со:
- Чувства: Како може да се чувствува ученикот/учениците?
- Предизвици: На какви пречки наидува ученикот/ учениците?
- Потреби: Што му е потребно на ученикот за да се чувствува поддржан?
- Решенија: Како може да се приспособи училишната средина за да ги задоволи овие потреби?
Групно споделување
Откако сите групи ќе ги завршат нивните карти за емпатија, сите ученици се собираат во голема група. Претставник од секоја мала група ќе го претстави своето сценарио и мапата на емпатија, споделувајќи ги стекнатите сознанија и предложените адаптации.
Рефлексија
По сите презентации, следува групна дискусија. Се вклучуваат прашања како:
- Какво е чувството да влезеш во туѓи чевли?
- Какви нови перспективи добивте?
- Како можеме да го искористиме ова разбирање за да создадеме поинклузивна училишна средина?
Прилози

Училиште
Ментор
- Никола Делевски
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Лилјана Андовска
- Јана Пљокова
- Викторија Панзова
- Дамјан Донев
- Филип Андоновски
- Пале Трпкова
- Силвана Печкова
- Анита Смилевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.