Утре можеш да бидеш и ти
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Потрошни работни материјали (хартија, бои, материјали за разни изработки, тонери и сл.)
- Изнајмување сала во театар (опционално)
- Озвучување
- Професионално снимање и монтажа
- Плакати, билети, брошури и слики
- Реквизити за сцена

Цели
- Да се запознаат со различни типови вербално и физичко насилство.
- Зголемување на капацитетот на учениците за адекватно препознавање, превенција и заштита од насилство.
Очекувани резултати
- Јакнење на капацитетот на ученичката заедница, за поттикнување и спроведување иницијативи.
- Зголемена мотивацијата кај учениците, наставниците и родителите за соработка и подигање на свеста и разбирањето за потеклото на вербалното и физичкото насилство, неговото влијание врз жртвите и насилниците во текот на животот и изнаоѓање решенија за негово намалување.

- Подготовка
- Состаноци за организирање и подготвување на целокупната активност од страна на тимот на ученици и наставници
- Текстот го пишува група ученици од осмо одделение (членови на ученички парламенти), а наставник-ментор ја следи, насочува работата на групата и ја одобрува конечната верзија.
- Делење во улоги, читање на текстот и проби.
- Договор за конечна изведба (соработка со вработените во театарот околу поставеноста на сцената, нивна помош околу изведувањето на улогите, можност за соработка со родители за гардероба на учениците актери).
- Одредување датум за конечната изведба, договор за промовирање на претставата, за изработка на покани, плакати, известување преку медиуми и социјални мрежи, генерална проба.
- Реализација
Изведба на драмата во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп пред присутните поканети гости: наставници, родители и ученици, членови на училишниот одбор, претставници на ЛС, претставници на БРО, претставници од невладини организации, медиуми итн.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Елена Апостолоска
- Марија Јаков
- Кети Шишкоска
- Надица Мицеска
- Мариос Карабунарлис
- Божидар Ристески
- Матеа Чупетреска
- Стефанија Христоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.