Училишна инфо мрежа
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Плакати и флаери за промоција на инфо-мрежата низ училиштето
- Листови за запишување идеи и предлози
- Табла за идеи и предлози (или дигитална платформа како Google Forms)
- Простор за редовни средби и дискусии со стручната служба

Цели
- Да се создаде динамична врска меѓу учениците и стручната служба во училиштето.
- Да се зголеми информираноста за активностите и проектите што се организираат од страна на училиштето.
- Да се поттикне активно учество и иницијатива кај учениците за училишните активности.
Очекувани резултати
- Стекната довреба кај учениците и развиена навика за редовно информирање за училишните активности.
- Воспоставена позитивна врска меѓу учениците и стручната служба, што доведува до зголемено учество во проектите и активностите.
- Развиена култура на на информираност и вклученост што ќе придонесе за подобро училишно искуство.

Формирање на Тим за инфо-мрежата
- Ученичкиот парламент формира тим кој ќе биде одговорен за комуникација со стручната служба. Тимот се состои од ученици од различни класови и со различни интереси.
- Организаторите ги определуваат улогите на тимот: Координатор на информации, Водич за комуникација и Членови за промоција на активностите.
Создавање информациски канали
- Тимот соработува со стручната служба за да создаде информациски канали, како табла за објави во училишниот хол, или дигитален канал преку платформа како Google Classroom, група на WhatsApp или друга соодветна апликација.
- Организаторите дизајнираат плакати за промоција на Инфо-мрежата низ училиштето за да ги информираат сите ученици како можат да се придружат и да останат информирани.
Седмични инфо-средби со претставници од стручната служба
- Тимот организатори заедно со претставници од стручната служба одржуваат кратки седмични средби каде што се споделуваат новостите за активностите и проектите во училиштето.
- На секоја средба, тимот ги запишува главните активности и дистрибуира информации преку информациските канали.
Размена на идеи и предлози од учениците
- Тимот поставува физичка или дигитална табла за предлози, каде што учениците можат да поставуваат прашања и да предложат активности кои би сакале да ги видат во училиштето.
- Секој месец, тимот и стручната служба ги разгледуваат предлозите и ги објавуваат активностите што ќе се организираат. На овој начин, учениците се вклучени во процесот и добиваат можност да предложат активности од нивен интерес.
Финална сесија за преглед и подобрување на инфо-мрежата
- На крајот од секоја учебна година или полугодие, тимот организира кратка сесија за преглед на активностите и дискутирање нови начини за подобрување на комуникацијата и информирањето.
- Секој ученик добива можност да даде повратни информации и да предложи начини за уште поефикасна инфо-мрежа.
Прилози

Училиште
Ментор
- Никола Делевски
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Петар Чадамов
- Јована Мојаноска
- Душко Илиески
- Васко Петанчески
- Изабела Слабакоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.