Титаник- тишината не е одговор, проговорете! 

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците-жртви на вербално насилство во училишниот двор да го пријават, а со цел негово намалување?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, групна, тимска координација

Време на реализација

Еден ден

Возраст

Ученици од I до IV година

Локација

Училишни простории и училиштен двор

Потребни материјали

  • Хартија, пенкала
  • Камера / мобилен телефон со добра резолуција
  • Лаптоп со софтвер за видеоуредување
  • Пристап до интернет

Цели

  • Да се охрабрат учениците да пријавуваат случаи на вербално насилство
  • Да се намали нивото на вербална агресија во училишниот двор
  • Да се зајакне ученичката свест за говорот како средство за поддршка, а не повреда
  • Да се подигне ученичката свест за моќта на медиумите (видеопораки) во борбата против насилството.
  • Да се поттикне култура на солидарност – учениците да реагираат како сведоци, а не да останат пасивни.

Очекувани резултати

  • Ученици охрабрени да зборуваат и да пријават
  • Намалено присуство на вербално насилство
  • Поголема емпатија и поддршка меѓу учениците
  • Проактивен пристап кон решавање на конфликти
  • Поголема видливост на темата преку онлајн платформи
  • Модел за други училишта како креативно да се обработи проблемот на вербално насилство
Чекори
  • Подготовка
    • Состанок на ученичкиот тим
    • Поделба на задачи
    • Формирање тим за сценарио
    • Избор на актери и проби
    • Формирање технички тим: снимател, уредник
    • Договор за име на видеото: „Титаник- тишината не е одговор, проговорете!“
    • Избор на платформи за објава (FB, YouTube, веб-страница)
    • Договор со наставниците за поддршка
  • Реализација
    • 3 проби без снимање
    • Снимање на видео со режисерска поддршка
    • Видеомонтажа (2 часа)
    • Финално одобрување од ученичкиот тим
    • Онлајн објава
    • Интервјуа со ученици по објавата за добиени впечатоци

Училиште

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Ирена Пипиџаноска
  2. Елена Дамјаноска
  3. Андријана Челебитова
  4. Николина Николовска
  5. Николче Толоманоски
  6. Никола Талески
  7. Благојче Талески
  8. Меланија Мицкоска
  9. Ева Димовска
  10. Леонид Кузески
  11. Бисера Стојаноска
  12. Зејнеп Алиоска
  13. Селмир Зејнеловиќ
  14. Аммар  Рамовиќ
  15. Михаил Грашкоски
  16. Матеја  Грујоска
  17. Милана Димитреска
  18. Симона Спиркоска
  19. Иво Кедиоски
  20. Теодора Тунеска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.