Прегледи: 105
Тајна поддршка
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како би можеле да спречиме поделба по групи, а со цел зголемена комуникација помеѓу учениците?
За активноста
Форми на работа
Индивидуална и групна работа (учениците работат индивидуално, но целата паралелка учествува како тим)
Време на реализација
1 седмица
Возраст
ученици од I до IV година
Локација
Училница, ходник, двор, библиотека – зависно од гестовите на учениците
Потребни материјали
- Ливчиња со имиња на учениците (по еден за секој ученик)
- Кутии или капа за извлекување имиња
- Фломастери/пенкала за забелешки (по потреба)

Цели
- Да се поттикне емпатично однесување и грижа меѓу учениците
- Да се зајакне чувството на припадност и доверба во класот
- Да се развие култура на поддршка и позитивна комуникација
- Да се поттикнат учениците да излезат од удобната зона и да изградат нови пријателства
- Да се намали поделбата на групи и да се промовира вклученост на сите ученици
Очекувани резултати
- Учениците покажуваат зголемена емпатија и внимание кон своите соученици
- Подобрена училишна клима исполнета со доверба и позитивна енергија
- Поддршка меѓу учениците, особено кон оние кои обично се поизолирани
- Откривање нови интереси и поврзување помеѓу ученици кои ретко комуницираат
- Учениците ќе можат да наведат најмалку еден позитивен гест што го добиле и еден што го направиле

Чекори
- Подготовка
- Информирање на класните раководители и договор за седмицата на реализација
- Претставување на активноста пред учениците со објаснување на целта
- Подготовка и анонимно извлекување ливчиња со имиња („таен пријател“)
- Договор за рамките: гестовите да бидат мали, внимателни и изведени со почит
- Реализација
- Во текот на седмицата, секој ученик прави позитивни и внимателни гестови кон својот „таен пријател“
- Гестовите можат да бидат: да помогне во учење, да напише порака со поттикнување, да подари молив/чоколадо, да му помогне во задача, да го слуша активно итн.
- Наставниците го следат текот на активноста, нудат поддршка и охрабрување
Завршница
- Откривање на тајните пријатели и кратка евалуација: како се чувствуваа учениците, што им се допадна, што би смениле
- Можност за фотографирање и поставување пано со позитивни пораки
Прилози

Училиште
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Соња Тодоровска
- Филип Младеновски
- Катерина Стојмановска
- Матеј Каранфилов
- Бела Димовска
- Ања Трајковиќ
- Каја Трајковиќ
- Миња Димитријевиќ
- Милан Тодоровски
- Мила Серафимовска
- Вања Ангеловска
- Вања Давидовска
- Ива Михајлова
- Георги Бојковски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.