Супермоќ за пишување
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Хамер (однапред изработена игра слична на „Не лути се човече“).
- Ливчиња за игра со прашања и предизвици (подготвени однапред) – Прилог.
- Маркери, коцки, тајмер, награди (изборно)

Цели
- Да се мотивираат учениците кои покажуваат неподготвеност да пишуваат домашна задача така што тие ќе бидат ангажирани во забавна и интерактивна потрага за откривање на нивниот потенцијал и нивните интереси за пишување.
Очекувани резултати
- Пишувањето е привлечно и пријатно за учениците.
- Учениците го истражуваат нивниот потенцијал за пишување и нивните интереси во тимска средина за поддршка.

- Подготовка
Подготовка на основата за играње на играта
- На хамер, се црта патека за движење на играчите. Патеката е составена од полиња со броеви.
- Училишниот тим, со поддршка од наставникот, подготвува картички/ливчиња за игри со предизвици и прашања поврзани со пишување, потсетници и прашања со трик-одговори или прашања поврзани со филм, книги, уметност, прашања од лектири за соодветното одделение.
- Секоја картичка/ливче треба да има доделено вредност.
- Ливчињата/картичките се ставаат на секое поле од играта превртени од задната страна.
- Се одредува почетна точка за секој тим во играта.
Дополнителни подготовки
- За секој тим се подготвува тетратка/празни листови и пенкала за пишување.
- Активноста може да се спроведе како дел од наставата или како воннаставна активност. Хамерот со полињата за играње може да се постави на маса или да се залепи на таблата. Секој тим треба да има маса на која ќе може да пишува.
- За време на играта треба да се одреди и учесник (наставник или ученик) кој ќе го мери времето за исполнување на секој предизвик или одговарање на прашањата (писмено).
- Реализација
Претставување
- Наставникот го претставува насловот на активноста: „Потрага по пишување: откривање на вашата супермоќ за пишување!“
- Учениците се поделени во тимови.
Тек на активноста
- Секој тим наизменично ги фрла коцките и соодветно го поместува своето човече од играта по патеката.
- Кога тимот ќе дојде на одредено место, учениците ја отвораат картичката/ливчето за игра кое стои на одреденото поле и го читаат предизвикот или прашањето на глас и тимски се договараат за можниот одговор на предизвикот.
- Кога секој од тимовите ќе го помести своето човече еднаш и ќе добие задача, тимовите треба да ја решат задачата.
- Кога еден тим ќе ја заврши задачата, тој тим повторно може да ја фрла коцката.
- Ова се повторува сè додека тимовите не стигнат до крајот на таблата.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Марин Ѓурчиноски
- Сара Стојкоска
- Искра Ристеска
- Никола Трајкоски
- Стефани Тримческа
- Наташа Стојкоска
- Кристина Симјаноска
- Александар Станкоски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.