Слободна зона за успех
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Хартија за пишување мисли и идеи
- Маркери, фломастери и налепници за декорирање на просторот
- Табла за „Слободната зона“ каде што учениците можат да запишуваат позитивни пораки и пораки за поттикнување
- Кутија за анонимни пораки, каде што учениците можат да остават прашања или идеи

Цели
- Да се создаде атмосфера во која владее поддршка и во која учениците ќе бидат поттикнати да ги искажат своите мисли и идеи без страв од осуда.
- Да се развие култура на поддршка и тимска работа меѓу учениците, со цел да се зголеми нивната самодоверба и училиштен успех.
- Да се намали чувството на анксиозност и срам кај учениците кои постигнуваат пониски резултати и да се поттикне нивната желба за учење и ангажираност.
Очекувани резултати
- Учениците кои постигнуваат пониски резултати се чувствуваат поддржани и мотивирани да се изразат и да учествуваат во училишните активности.
- Учениците кои постигнуваат пониски резултати имаат зголемена самодоверба дека можат да успеат и да ги подобрат своите резултати.
- Создадена култура на пријателство и соработка каде што сите ученици чувствуваат припадност.

Создавање на слободната зона
- Изберете тивок и удобен простор во училишната зграда каде што учениците можат да се чувствуваат удобно за да го искажат своето мислење. Просторот треба да биде пријатен, со перничиња или столчиња, каде што учениците можат да седат и да разговараат.
- Поставете табла или постер каде што учениците можат да запишуваат позитивни мисли, идеи или поттикнувачки пораки едни за други.
Одредување фасилитато
- Фасцилитатор на активноста ќе биде стручниот соработник со ученик и ученичка
Започнување со сесиите за слободно изразување
- Организацискиот тим објаснува дека ова е слободна зона во која секој може да се изрази на свој начин. Секој ученик е добредојден да сподели нешто што го интересира или да постави прашање за нешто што го мачи, без осуда.
- Тимот започнува со кратка дискусија или активност како: „Кои се твоите интереси?“ или „Какви цели имаш поставено за оваа година?“ за да ги поттикне учениците на размислување и разговор.
Активности за самоизразување
- Учениците можат да учествуваат во активности како „Напиши на плоча/табла/хамер,“ каде што на таблата ќе запишуваат поттикнувачки пораки или ќе ги одговараат прашањата поставени од другите ученици.
- Поставете кутија за анонимни пораки, каде што учениците можат да остават прашања или предизвици што ги мачат. Во текот на сесиите, тимот може да отвори неколку пораки и да започне дискусија околу нив.
Групна дискусија и поддршка
- Сесијата завршува со кратка дискусија за тоа што научиле учениците и како можат да се поддржат едни со други во постигнување на целите. Учениците можат да постават прашања и да побараат совети од своите соученици.
- Тимот го поттикнува секој ученик да сподели барем една идеја или цел која ќе го мотивира во следниот период, а другите ученици ги запишуваат на „Мотивацискиот постер“ за инспирација.
Завршна рефлексија и наградување
- На крајот на активноста, тимот ги поттикнува учениците да продолжат да се вклучуваат и да ги споделуваат своите мисли и вештини во иднина.
Прилози

Училиште
Ментор
- Никола Делевски
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Марија Салтировска
- Ива Цонева
- Андреа Димитровска
- Леон Илиевски
- Филип Стефановски
- Наташа Јаневска Колевска
- Андријана Николова
- Анета Николова





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.