Секој ученик има глас 

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да го надминеме стравот од осуда кога треба да се реагира во случај на насилство кај учениците од VI до VIII одделение, а со цел подобрување на нарушената самодоверба кај учениците?

За активноста

Форми на работа

Групна работа, врсничка презентација, отворена дискусија

Време на реализација

60 минути (40 минути активност + 20 минути презентација и рефлексија)

Возраст

Ученици од VI до VIII одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Табла,
  • Паметна табла,
  • Листови,
  • Пенкала,
  • Отпечатени насоки за пишување акциски план

Цели

  • Учениците да развијат акциски планови за спречување на насилство.
  • Промовирање позитивно однесување и култура на почит.
  • Поттикнување активно учество на учениците во решавање на проблемите во училиштето.

Очекувани резултати

  • Учениците стануваат активни чинители во создавање безбедна и пријателска средина.
  • Се зголемува нивната самодоверба и мотивација за ангажман.
  • Се поттикнува критичко размислување и врсничка поддршка.
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците-членови на тимот, заедно со наставник-ментор, подготвуваат воведен говор и прашања за дискусија.
    • Подготвуваат упатство за пишување акциски план.
    • Организираат простор и потребни материјали.
  • Реализација

    Вовед и дискусија

    • Членовите на училишниот тим ги поздравуваат соучениците и објаснуваат зошто е важна оваа активност.
    • На табла / паметна табла ги поставуваат прашањата:
      • Како можеме да помогнеме во создавање безбедно училиште за сите?
      • Што значи да имате глас кога се случува насилство?
      • Како се чувствувате кога некој го слуша вашето мислење?
    • Следи водена дискусија, модерирана од ученици-членови на тимот.

    Групна работа

    • Учесниците се делат во мешани групи.
    • Добиваат упатство за создавање акциски план и работат заеднички на идеи и предлози.
    • Тимот и наставникот-ментор даваат поддршка и насоки.

    Презентација и критичка дискусија

    • Секоја група го претставува својот план.
    • Тимот поттикнува конструктивна дискусија преку следниве прашања:
      • Како ќе знаете дека вашата акција е успешна?
      • Како ќе ги мотивирате другите да се приклучат?
      • Како ќе влијаете врз навиките поврзани со насилство?
    • Се идентификуваат идеи што веднаш можат да се применат во паралелките или на ниво на училиште.

    Затворање на активноста

    • Членовите на училишниот тим им се заблагодаруваат на сите.
    • Наставниците и менторите даваат позитивни повратни информации.
    • Се поттикнуваат учениците редовно да придонесуваат со идеи за безбедно и пријатно училиште.

Училиште

ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Љупчо Лазаровски
  2. Мирјана Манева Арсовска
  3. Биљана Николовска
  4. Бојан Арсовски
  5. Матеја Лампевска
  6. Меланија Милошевска
  7. Сара Стојковска
  8. Божидар Златковски
  9. Предраг Митевски
  10. Филип Димитров
  11. Ана Митевска
  12. Невена Стоилевска
  13. Марио Андовски
  14. Емил Тасев
  15. Теона Тодоровска
  16. Меланија Миневска
  17. Теона Лазаревска
  18. Нела Милановска
  19. Тијана Стоилевска
  20. Мила Коцевска
  21. Лука Иванов
  22. Огнен Илиевски
  23. Лана Крстевска
  24. Давор Тоневски
  25. Михаил Иванов
  26. Сергеј Ристовски
  27. Мила Димитриевска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.