Секој има право на мислење!

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците, кои мислат дека нивните предлози нема да бидат прифатени, да се вклучуваат со свои идеи, а со цел да ја зајакнеме нивната самодоверба во демократскиот процес на донесувањето одлуки?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

90 минути

Возраст

Ученици од VI до IX одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Хартија, маркери, фломастери, лепенки, ножички.
  • Лаптоп или таблет (доколку има можност) за дополнителна поддршка.
  • Дополнитено – музички инструмент или звучник (за песната, доколку е потребно).

Цели

  • Зголемување на самодовербата кај учениците и искажување сопствен став и мислење

Очекувани резултати

  • Да можат самостојно и без страв да го искажуваат своето мислење.
Чекори
  • Подготовка

    Формирање групи: Учесниците се делат во 3 групи. Секоја група добива задача со јасно објаснување.

    Објаснување на задачите: Се претставуваат задачите:

    • Прва група – изработка на оперативен план.
    • Втора група – изработка на флаери.
    • Трета група – творење песна
  • Реализација

    Прва група: Оперативен план – „Совршен час“

    • Групата изработува детална структура на час каков што тие го замислуваат: Времетраење на часот, наставни методи (дискусија, игри, проектна работа…), улога на наставникот, корисни дигитални алатки.

     

    Втора група: Флаери – Што треба да се смени?

    • Учениците креативно дизајнираат флаери со: клучните проблеми во постојните часови, илустрации или креативни слогани, предлози за подобрување (методи, средина, однос…). Може да се изработат рачно или дигитално (доколку има услови).

     

    Трета група: Песна – „Мојот совршен час“

    • Учениците создаваат стихови инспирирани од идејата за совршен час. Тон: може да биде хумористичен, сериозен, мотивациски. По избор може да се додаде ритам, рап-ритам или пејачка изведба. На крај – проба на изведбата.

     

    Претставување на групите (20 – 30 минути)

    Секоја група ја претставува својата изработка:

    • Група 1: го претставува оперативниот план (со кратко објаснување).
    • Група 2: ги претставува флаерите и ги објаснува креативните решенија.
    • Група 3: ја изведува песната (со можно вклучување на публика).

     

    Дискусија (20 минути)

    Се поставуваат следниве прашања:

    • Дали мислите дека вашите предлози се реални?
    • Што е најизводливо, а што е можеби „предобро да биде вистинско“?

Прилози

Училиште

ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Марија Димова
  2. Џоко Дулгеров
  3. Анастасија Трајанова
  4. Стефан Ѓеоргиев
  5. Ангела Грбашлиева
  6. Драгана Ангова
  7. Давид Трајков
  8. Љубица Василева
  9. Теа Стамкова
  10. Блаже Манолев
  11. Валентина Ризова
  12. Трајче Беловинов
  13. Васил Јовановски
  14. Мартин Џонов

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.