Саем за таленти

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ги мотивираме учениците од 8 и 9 одделение да ги покажат своите вештини за да поттикнеме активно учество на учениците во ученичките секции и клубови?

За активноста

Форми на работа

Рабора во групи

Време на реализација

1 недела за време на големиот одмор

Возраст

Ученици од VIII и IX одделение

Локација

Училишна аула

Потребни материјали

  • Масички и постери за секој ученички клуб или секција
  • Лепливи налепници за учество (како награди за секоја секција што ја посетиле)
  • Маркери, фломастери и материјали за секој клуб да го претстави својот интерес
  • Лаптопи или таблети (опционално, за презентации или видеа)



Цели

  • Да се поттикне активно учество и интерес за ученичките секции и клубови.
  • Да се создаде можност учениците да ги покажат своите вештини и интереси пред другите.
  • Да се зајакне чувството на припадност во училишната заедница преку заедничко дружење и соработка.

Очекувани резултати

  • Учениците се чувствуваат поттикнати да ги покажат своите вештини и се приклучуваат на секциите и клубовите.
  • Зголемен бројот на ученици кои активно учествуваат во училишните активности.
  • Зајакната училишната култура на тимска работа и поддршка.
Чекори
  • Подготовка

    Организација на саемот

    • Организацискиот тим подготвува масички и простории за секој клуб и секција што ќе се претставува. На пример, масичка за уметничкиот клуб, масичка за спортската секција и слично.
    • Секој клуб треба да има флаери, постери, реквизити или кратки презентации за да го прикаже својот фокус и да ги привлече учениците.

    Покани и промоција

    • Учениците можат да дизајнираат постери и покани за да го најават „Саемот на таленти“ и да ги поттикнат другите да учествуваат. (Прилог)
    • Поттикнете ги учениците да донесат примери од нивните изработки или постигнувања кои ќе ги изложат на масичките.
  • Реализација

    Отворање на саемот за таленти

    • Саемот започнува со кратко објаснување од организацискиот тим за целта на активноста. Учениците се поттикнуваат да ги посетат масичките и да ги истражат сите можности кои ги нудат клубовите.

    Изложба и интеракција

    • Секој клуб претставува дел од своите активности и дозволува на заинтересираните ученици да ги испробаат или учествуваат. На пример, уметничкиот клуб може да има дел каде што учениците можат да нацртаат нешто, додека спортската секција може да има брзи демонстрации.
    • Учениците можат да соберат налепници за секој клуб што го посетиле како потсетник на нивното учество.

    Завршна сесија – Пријавување во клубови

    • По завршувањето на саемот, секој ученик кој посетил неколку масички може да се пријави за учество во клуб или секција. Организацискиот тим подготвува листи за пријавување каде што учениците можат да се запишат за клубот што најмногу им се допаднал.

    Завршна рефлексија

    • Организацискиот тим ги поттикнува сите да ги истражуваат своите таленти и да се приклучат на клубовите за да го подобрат училишниот живот.

Училиште

ООУ„Св.Климент Охридски“, Македонски Брод

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Стефани Тримческа
  2. Никола Трајкоски
  3. Искра Ристеска
  4. Сара Стојкоска
  5. Марин Ѓурчиноски
  6. Александар Станкоски
  7. Кристина Симјаноска
  8. Наташа Стојкоска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.