Рециклирање со стил

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ја зголемиме интеракцијата со сите ученици со цел нивно поактивно вклучување во воннаставни активности?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, работа во групи

Време на реализација

240 минути

Возраст

Ученици од I-IV година

Локација

Училишна сала или поголема училница

Потребни материјали

  • Стари ткаенини (од неупотребена облека или чаршафи)
  • Пластични шишиња, стари траки и каиши
  • Игли и конци, или лепливи ленти
  • Ножици, маркери и бои за текстил
  • Декоративни материјали, како копчиња, налепници и парчиња ткаенина



Цели

Очекувани резултати

Чекори
  • Подготовка

    Подготвување на работниот простор

    • Учениците-организатори ја подготвуваат просторијата со сите потребни материјали распоредени на различни станици (ткаенини, пластични шишиња, алати, декоративни елементи).
    • Секој ученик може да избере своја работна станица и материјали што ќе ги употреби за изработка на ранецот.

    Обезбедување материјали

    • Неколку дена пред активноста, организаторите ги замолуваат учениците да донесат стари маици, пластични шишиња и други материјали од дома, кои би можеле да се искористат за изработка на ранецот.
  • Реализација

    Вовед во изработката

    • Учениците-организатори покажуваат краток приказ како може да се создаде ранец со користење рециклирани материјали. Тие покажуваат различни техники – на пример, како да се зашијат страничните делови или како да се користат пластични шишиња како структурални подлоги.

    Работилница за создавање

    • Секој ученик работи на создавање на својот ранец. Учесниците се поттикнуваат да ги комбинираат материјалите по свој избор и да го украсат својот ранец со бои, маркери и налепници.
    • Организаторите се движат низ работилницата и помагаат на учениците кои можеби имаат прашања или доколку им се потребни идеи.

    Претставување на креациите

    • По завршувањето, сите ученици ги претставуваат своите изработени ранци. Секој ученик има можност да го покаже својот уникатен дизајн и да објасни како ги избрал материјалите и кои идеи го воделе при изработката.
    • Ученичката заедница може да гласа за најкреативен дизајн, најеколошка употреба на материјали и сл.

    Дискусија и селекција на идеи за следни активности

    • По претставувањето, организаторите го поттикнуваат разговорот за други можни активности со фокус на рециклирање и креативност. На овој начин, учениците имаат можност да предложат нови проекти и активности кои се засноваат на истата концепција за одржливост.

Прилози

Училиште

СУГС„Георги Димитров“, Скопје

Ментор

Проверено
Училишен тим

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.