Различни но заедно
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Подготвени етикети во вид на налепници.
- Маркер за пишување на налепниците.
- Подготвени прашања за дискусија.

Цели
- Учениците да се прифаќаат меѓусебно без разлика на индивидуалните разлики;
- Да се зголеми свесноста за важноста на невербалната комуникација и нејзиното влијание врз другите.
Очекувани резултати
- Учениците разбираат како етикетите и невербалната комуникација влијаат на прифаќањето на другите;
- Учениците ги прифаќаат своите врсници без оглед на нивните индивидуални разлики.

- Подготовки
Подготовка на етикети во вид на налепници.
- Се сечат налепници според планираниот број на учесници во активноста.
- Планирање соодветна содржина на налепниците и прашања за дискусија.
- Пишување на налепниците со маркер. Како пример за позитивни налепници: Насмевни ми се!; Ракувај се со мене!; Кажи ми „здраво“!; и сл. Како пример за негативни налепници: Игнорирај ме!; Исплази ми се! и сл.
- Се испишуваат поголем број налепници.
Одредување ученик кој ќе биде модератор на активноста.
- Реализација
Ученикот – модератор ги поздравува учесниците и објаснува дека ќе играат една игра, но пред да започнат, го поставува прашањето:
- Дали мислите дека понекогаш ги етикетираме луѓето затоа што се разликуваат од нас? Зошто го правиме тоа?
Ученикот – модератор ги лепи налепниците на челото на учениците, при што посочува дека е многу важно учениците да не си ги гледаат своите налепници ниту пак да им кажуваат на останатите што пишува на нивната налепница.
Ученикот – модератор им кажува на учениците меѓусебно да комуницираат така што кон секој ученик ќе се однесуваат онака како што пишува на налепницата.
Учениците ја спроведуваат активноста и се враќаат на своите места на знакот на ученикот – модератор. Учениците не ги гледаат сопствените налепници и не им кажуваат на останатите што пишува на нивните налепници.
Ученикот – модератор започнува дискусија со поставување на прашањата:
- Како се чувствувавте додека комунициравте?;
- Без да ја гледате вашата налепница, дали претпоставувате што пишува на неа? Како знаете?;
- Ве молиме, нека кренат рака сите кои мислат дека имаат налепница „Игнорирај ме!“ или „Исплази ми се!“. Како се чувствувавте?
Ученикот – модератор им кажува на учениците дека можат да ги извадат и погледнат налепниците и ги поставува следниве прашања:
- Како можеме да го промениме нашето однесување за да се увериме дека никој не се чувствува етикетирано?;
- Што прават луѓето кои се чувствуваат етикетирани и изолирани? Дали тие почнуваат да се дружат само со оние кои се слични на нив? Дали тие се чувствуваат осамено и повредено?;
- Како можеме да бидеме подобри пријатели и да ги вклучиме сите во нашите активности?
Активноста завршува со запишување предлози што можат да се воведат во групата за поголема интеграција и комуникација (на табла или на хамер).
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Спасен Трајанов
- Горги Трајков
- Зорана Стефанова
- Леонора Михајлова
- Мелтен Вејселова
- Спасе Михајлов
- Лефтерка Крстева
- Наташа Ристова





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.