Присуство плус – патот до успехот
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Голема „Табла на шампиони“ каде што се запишуваат поените на секој клас
- Налепници во форма на трофеи, ѕвезди, или значки за секој клас
- Картички со различни „предизвици за присуство“ и мини-игри
- Систем за собирање поени (може да биде физичка табла или дигитална табла на Google Sheets)

Цели
- Да се создаде интерактивен и забавен начин за поттикнување на редовноста кај учениците.
- Да се поттикне тимската работа и поддршката меѓу учениците преку училиштен шампионат.
- Да се зголеми училишната посветеност и училишниот успех преку позитивна конкуренција и наградување.
Очекувани резултати
- Учениците се чувствуваат мотивирани да доаѓаат на часови и меѓусебно се поттикнуваат да ја одржат редовноста.
- Пријателска конкуренција меѓу класовите, што доведува до подобри училишни резултати.
- Развивање култура на посветеност и тимска работа, каде што секој ученик се чувствува како дел од тимот.

Создавање на „Таблата на шампиони“
- Учениците-организатори подготвуваат голема табла каде што ќе се следи напредокот на секој клас. Таблата вклучува редовност и освоени поени по клас.
- На таблата, се истакнати категории како „Најдобар клас на месецот“ или „Најдобар клас на седмицата“ со простори за собирање „трофеи“ и ѕвезди за мотивација.
Изработка на картички со предизвици за присуство
Се изработуваат картички со интересни предизвици за секој клас. Примери за предизвици:
- „Седум дена редовност“. Опис: Ако твојот клас има 100 % присуство во текот на цела седмица, добивате дополнителни поени.
- „Присутен до последниот час“. Опис: Класот со најмногу ученици присутни на последниот час од денот добива 5 бонус поени.
- „Маратон за присуство“. Опис: Класот кој ќе постигне највисок процент на присуство во текот на еден месец ќе добие специјална награда.
- „Тимски дух“. Опис: Класот со најголема поддршка меѓу учениците, како помагање и мотивирање на врсниците за редовност, добива дополнителни 10 поени.
- „Лов на бонус поени“. Опис: Ако твојот клас организира тимска активност (како заедничко учење или игра) со цел да ја поттикне редовноста, може да освои 10 бонус поени.
- „Забавен петок“. Опис: Класот со најголема редовност во петок добива можност да организира кратка забавна активност (како квиз или музичка пауза) следната седмица.
- „Присуство со насмевка“. Опис: Доделете поени на класовите кои покажуваат позитивна енергија и одличен тимски дух за време на присуството.
- „Први на час. Опис: Класот со најмногу ученици кои пристигнале на време и подготвени за првиот час во текот на целата седмица добива 5 поени
- „Редовни групи“. Опис: Класот кој има најмногу групи со 100 % присуство за време на една седмица добива посебно признание и 10 поени.
- „Ментор за присуство“. Опис: Изберете ученик од класот кој ќе служи како ментор за останатите ученици, поттикнувајќи ги да бидат присутни. Менторот и класот добиваат дополнителни поени за секоја успешно реализирана седмица.
Овие предизвици се доделуваат случајно секоја седмица, што додава елемент на изненадување и ги мотивира класовите да се трудат
Најава на шампионатот пред училиштето
- Организаторите подготвуваат кратко обраќање пред учениците за да објаснат дека започнува шампионатот и како ќе се собираат поените.
- Се објаснува дека класовите ќе имаат можност да се натпреваруваат и да ја покажат својата редовност и тимска посветеност во текот на учебната година.
Следење на напредокот и собирање на поени
- Организаторите ја ажурираат „Таблата на шампиони“ секоја седмица, додавајќи трофеи и поени за класовите со најдобра редовност и исполнети предизвици.
- Секоја седмица, таблата се прегледува и се најавува кој клас води на натпреварот. На овој начин, учениците се мотивирани да се натпреваруваат и да го дадат својот максимум.
Месечни предизвици и мини-игри
На почетокот на секој месец, организаторите претставуваат нов предизвик. Пример:
- „Лов на бонус поени“: Секој клас може да освои бонус поени ако организира тимска активност за поттикнување на редовноста, како на пример пријателски појадок или кратка пауза за групно учење пред часови.
- „Брза игра“: Класовите се повикуваат да учествуваат во мини-игра (како квиз на знаење или кратка тимска игра) во која можат да освојат дополнителни поени за редовност.
Тимски поттик и поддршка
- Организаторите ги поттикнуваат учениците од класовите да создадат групи за поддршка и охрабрување. На пример, секоја седмица, секој клас може да има „Поддржувачи на Седмицата“ – ученици кои имаат посебна улога во поттикнување на редовноста и во мотивирање на своите врсници.
- За секој ученик кој покажува подобрена редовност, тимот доделува пофалба, што ќе помогне да се поттикне дополнителна мотивација.
Прослава на крајот од шампионатот
- На крајот од учебната година или по неколку месеци, организаторите организираат голема прослава за класот што постигнал најдобра редовност и освоил најмногу поени. Прославата може да вклучува музика и кратка церемонија за наградување.
- Секој ученик од победничкиот клас добива сертификат за учество и посветеност.
Прилози

Училиште
Ментор
- Никола Делевски
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Лилјана Андовска
- Јана Пљокова
- Викторија Панзова
- Дамјан Донев
- Филип Андоновски
- Пале Трпкова
- Силвана Печкова
- Анита Смилевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.