Права во акција!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Сценарија отпечатени на листови (4 сценарија, по едно за секоја група)
- Листови и маркери за белешки
- Табла или хартија за табла
- Простор за работа во мали групи
- Столчиња поставени во круг (за изведба на улогите)

Цели
- Да се поттикнат учениците да ги препознаваат своите права и ситуации на нивно повредување
- Да се зајакне видливоста и улогата на ученичкиот правобранител
- Да се развијат комуникациски и вештини на застапување кај учениците
- Да се стимулира емпатија, критичко размислување и чувство на праведност
- Да се зајакне гласот на ученичкиот правобранител како застапник на правата.
- Да се создаде доверба кај учениците дека нивните проблеми ќе бидат слушнати и решавани.
- Да се развијат практични вештини кај учениците за препознавање и справување со ситуации на неправда.
Очекувани резултати
- Учениците ќе ги препознаат своите права во конкретни животни ситуации
- Учениците ќе научат како и каде да побараат поддршка
- Ќе се подобри перцепцијата и пристапноста на ученичкиот правобранител
- Ќе се зајакне културата на почитување и разговор во училиштето
- Учениците ќе стекнат јасна слика за тоа кога и како да му се обратат на ученичкиот правобранител.
- Ќе се зголеми бројот на ученици кои активно се информираат за своите права.
- Ќе се создаде база на идеи/предлози што можат да се интегрираат во идната работа на ученичкиот парламент.

- Подготовка
- Подготовка на 4 сценарија со типични ситуации на повреда на ученички права
- Печатење на сценаријата (по 1 за група)
- Поставување на просторот за работа по групи и централна „сцена“
- Договор со ученичкиот правобранител да присуствува (или активно да учествува)
- Подготовка на фасилитаторот за водење дискусија и покажување поддршка
- Реализација
Вовед
- Кратка презентација за ученичките права
- Објаснување на улогата на ученичкиот правобранител
- Правила на активното слушање и почит во групна работа
Работа по групи
- Учениците се делат во 4 групи
- Секоја група добива едно сценарио
- Задача: да го анализираат сценариото, да одредат кои права се повредени, како треба да реагира ученичкиот правобранител и да подготват кратка симулација
Претставување симулации
- Секоја група ја претставува сцената
- По секоја претстава следи кратка дискусија со прашања за публиката
Рефлексија и дискусија
- Што научивме?
- Како ја гледате улогата на ученичкиот правобранител?
- Како можеме да го направиме поактивен и видлив во училиштето?
- Каква е поддршката на ученичкиот правобранител од редот на учениците и наставниците/стручната служба? Дали може да се формира тим за поддршка на ученичкиот правобранител со претставници од ученичката заедница/парламент и наставници/стручни соработници?
- Идеи за следни активности
Затворање
- Учениците анонимно пишуваат една идеја како ученичкиот правобранител може подобро да ги информира учениците
- Собраните идеи се анализираат на следниот состанок на ученичкиот парламент
- По завршувањето на симулациите, ученичкиот правобранител да изработи план за комуникација (на пример: редовна инфо-табла, месечен час за информирање, онлајн форма за пријави).
- Изработка на плакат „Правата ни се важни!“ со клучни пораки од активноста и негово изложување во училиштето.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Анита Бунеска
- Емилија Николоска
- Лидија Тошеска
- Алексеј Сркески
- Меланија Боцеска
- Стефани Јаковлеска
- Теодора Јанческа
- Нена Тодороска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.