Прегледи: 81
Патека до мојата моќ
Тема
Превенција и заштита од насилство
Предизвик
Како би можеле да ги мотивираме учениците-жртви на вербално насилство да ја зголемат својата самодоверба, а со цел полесно да комуницираат со другите ученици?
За активноста
Форми на работа
Индивидуална активност со елементи на групна дискусија
Време на реализација
60 минути
Возраст
Ученици од I до IV година
Локација
Училиштен двор
Потребни материјали
- Креда или самолеплива трака за обележување на патеката
- 8 картички со лични предизвици
- столчиња
- Звучник со музика
- Беџови за учесниците (3 типа)
- Благодарници за учество

Цели
- Да се препознаат и да се истакнат личните квалитети на секој ученик
- Да се зајакнат позитивните лични вредности
- Да се поттикне отворена и комуникација во која предност има поддршката меѓу учениците
- Да се зголеми самодовербата, особено кај учениците кои се често мета на вербално насилство
- Да се развие чувство на емпатија и на почитување кон другите
- Да се намали стигмата кај учениците кои биле жртви на вербално насилство
- Да се поттикне чувството на колективна поддршка и заедничка сила
Очекувани резултати
Поголема меѓусебна поддршка
- Намалување на вербалното насилство
- Подобрување на климата во класот и училиштето
- Охрабрување на повлечените и несигурните ученици да се изразат
- Зајакнување на ученичката самосвест и емоционална интелигенција
- Учениците ќе развијат практични стратегии за самопотврдување
- Ќе се зголеми бројот на ученици кои храбро се вклучуваат во дискусии и ученички активности
- Ќе се создаде позитивен модел кој може да се повторува и во иднина (како редовна мотивациска активност)

Чекори
- Подготовка
- Членовите на училишниот тим подготвуваат 8 картички со мотивациски и интроспективни предизвици.
- Се изработуваат благодарници и 3 типа беџови за учесниците.
- Со креда или трака се обележува кружна патека во училишниот двор со 8 станици за предизвици.
- Се поставуваат столчиња во круг (за завршната дискусија).
- Се назначува еден ученик задолжен за музиката што ќе се пушта додека се движат низ патеката.
Примери за предизвици на картичките:
- Кажи гласно три збора кои те опишуваат!
- Каде се гледаш по 5 години и зошто?
- Сподели го најдобриот совет што си го добил/а.
- Направи „победнички гест“ и задржи го 10 секунди.
- Кажи нешто убаво за личноста до тебе.
- Со што си најмногу горд/а оваа година?
- Ако имаше супер моќ – која би била?
- Направи 3 чекори и кажи: „Јас сум подготвен/подготвена за предизвици!“
- Реализација
- Наставниците/организаторите ги даваат упатствата и ги охрабруваат учениците на искреност и почит.
- Учениците се движат по патеката и ги извршуваат предизвиците на секоја станица.
- По завршување, сите седнуваат во круг за кратка рефлексија и групна дискусија:
- Кој момент ти беше најинтересен?
- Дали нешто ново дозна за себеси или за другите?
- Како се почувствува кога сподели нешто лично?
- На крајот, секој ученик добива благодарница и беџ како симбол на учество, храброст и поддршка.
- Пред активноста, ученичкиот тим или педагогот може да даде мотивирачки вовед за важноста на самодовербата.
- По завршувањето, благодарниците можат да содржат кратки пораки на охрабрување („Ти си вреден/а!“, „Верувај во себе!“).
- Може да се предложи симболична табла на училишниот ходник со пораки од патеката (анонимни, доколку учениците се согласат).

Училиште
СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Александра Стојчевска
- Антонио Наумоски
- Андреј Цветаноски
- Ангела Анѓелеска
- Ива Талеска
- Раде Милошески
- Петар Донку
- Димитар Златески
- Теодора Милкова
- Илинка Јованова
- Зоја Кардула
- Афродита Секуловска
- Христина Стојоска
- Леонид Бутракоски
- Теодор Николоски
- Атанас Ташкоски
- Валентина Спасеска
- Иле Јованоски
- Деана Наумоска
- Зорица Кузманоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.