Отвори го кругот
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Голема табла или хартија за табла со листови за објави за проекти
- Обрасци за пријавување и листови за предлог-идеи
- Листови и маркери за записници и забелешки
- Простор за презентации (табла или проектор)

Цели
- Да се создаде транспарентен систем за пријавување и избор на ученици за проекти, кој ќе ги вклучи сите заинтересирани.
- Да се поттикне култура на соработка и вклучување во училишните проекти.
- Да се зголеми свесноста за потенцијалите на сите ученици, без дискриминација или преференцијален пристап.
Очекувани резултати
- Учениците се чувствуваат повеќе вклучени и имаат можност да учествуваат во проектите кои им се интересни.
- Создаден транспарентен систем за пријавување кој придонесува поправичен пристап во изборот на ученици за проекти.
- Развиена култура на почитување на различните вештини и таленти кај учениците.

- Подготовка
Создавање проектна платформа:
- Учениците од ученичкиот парламент поставуваат табла или дигитална платформа каде што ќе се објавуваат можностите за проекти и настани. Може да користат платформи како Google Classroom или Инстаграм за објави.
- Подготвуваат едноставен образец за пријавување, во кој учениците ќе можат да наведат зошто сакаат да учествуваат и со какви вештини ќе придонесат за проектот.
Промоција на идејата за инклузивни проекти:
- Учениците од ученичкиот парламент подготвуваат кратки плакати и флаери кои ќе бидат поставени низ училиштето и на дигиталните платформи. Тие ќе ги информираат учениците за платформата и ќе ги поттикнат да се пријават за проекти и да предложат свои идеи.
- Реализација
Проектни денови за пријавувања и идеи:
- Во текот на „Проектните денови,“ организаторите ги покануваат сите ученици да дојдат и да се пријават за проекти. На секој ученик му се дава можност да ги истакне своите интереси и да предложи идеи.
- Организаторите ги распределуваат учениците во мали групи каде што секој ќе може да предложи идеја или да одговори на прашање како: „Како можеме да го подобриме нашето училиште преку проекти?“ или „Која е твојата омилена тема за училиштен проект? Кои особини и таленти ги поседуваш со кои можеш да придонесеш за некој проект? Кои интереси и особини сакаш да ги унапредиш кај себе преку учеството во проект?“
Транспарентен систем за избор:
- По секој проектен ден, организаторите, заедно со претставници на наставниот кадар, ги прегледуваат пријавите и се договараат за избор според транспарентни критериуми. На пример, учествуваат ученици од различни одделенија и со различни вештини, за да се обезбеди разноликост.
- Критериумите се објавуваат јавно на таблата или на платформата, така што учениците можат да видат зошто се избрани одредени кандидати.
- Може да се зададе некоја конкретна задача поврзана со проектот (есеј, цртеж, скица, предлог-активности за проект, прочитана книга) која може да биде вклучена (со скала за бодување) како критериум за избор.
Презентации на избраните проекти:
- Избраните ученици ги претставуваат своите идеи и планови за проектите пред сите учесници. Ова помага во споделување инспиративни идеи и мотивирање на останатите ученици да се вклучат.
- За секој проект се назначуваат тимски улоги, каде што секој ученик има своја задача, со што се промовира тимската работа и заедничкиот успех.
Наградување и признание за учесниците:
- На крајот од секој проект, организаторите доделуваат благодарници или признанија за секој ученик што учествувал, што ќе ја поттикне желбата за идно учество.
- Може да се организира мала прослава за успешните проекти, со што ќе се потенцира важноста на заедничкото учество и ќе се поттикнат и другите ученици да учествуваат.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Алек Радески
- Никола Брајкоски
- Мирјана Јаковлевска
- Филип Билбилоски
- Мила Кузманоска
- Андријана Страшеска
- Жаклина Ѓорѓиоска
- Мoника Наумоска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.