Огледало на личноста
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Листа за проверка на самодовербата (Прилог).
- Прашалник (Прилог).
- Прашалник (Прилог).

Цели
- Градење позитивна слика за себе.
- Спознавање на позитивните страни на личноста на учениците и ученичките, со цел зајакнување на нивната самодоверба.
Очекувани резултати
- Изградена позитивна слика за себе.
- Зголемена самодоверба.

- Подготовка
- Состанок со членовите од тимот и поделба на задачите за реализација на активноста.
- Изработка на Листа за проверка на самодовербата, заедно со психологот во училиштето. (Прилог)
- Изработка на прашалник (Прилог ), заедно со психологот.
- Изработка на прашалник (Прилог ), заедно со психологот.
- Реализација
Воведна активност:
- Учениците треба да дадат свое мислење за тоа што е самодоверба и пополнуваат листа за проверка на самодовербата (Прилог ) на која самите се оценуваат во врска со некои свои особини/карактеристики.
- Секој ученик си го пресметува резултатот и се дискутираат резултатите.
Главна активност:
- На учениците им се поделува Прашалник (Прилог ) „Јас сум посебен/а и единствен/а затоа што…“. Во прашалникот, учениците треба да одговорат на неколку прашања во врска со нивните способности и карактеристики кои ги сметаат за свои квалитети. Целта на оваа активност е учениците да станат свесни за своите карактеристики и да размислуваат за нив.
По завршувањето на вежбата, се отвoра дискусија со следниве прашања:
- Како ви се допадна активноста?
- Што заклучивте?
- Дали пронајдовте повеќе ваши позитивни карактеристики на кои претходно не сте размислувале?
Учениците се делат во парови и секој од нив добива прашалник (Прилог) во кој треба да пополни поддржувачки пораки за другиот член од парот. Откако ќе ги пополнат, си ги читаат еден на друг.
По завршувањето на вежбата, се отвора дискусија со следниве прашања:
- Дали ви се допаднаа активностите?
- Научивте ли нешто за себе?
- Што заклучивте?
- Дали откривте нешто што досега не го знаевте?
- Што научивте за вашето другарче од оваа активност?
- Како се чувствувавте кога примивте комплимент?
Завршна активност
Се отвора дискусија за активностите.
- Што правевме?
- Што научивме?
- Дали наученото ќе ни помогне на некој начин во секојдневниот живот?
- Како ќе ја користиме оваа самодоверба во училиште и во нашиот живот?
- Што ќе направиме ако некој нè критикува или ни каже нешто негативно?
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Спасен Трајанов
- Горги Трајков
- Зорана Стефанова
- Леонора Михајлова
- Мелтен Вејселова
- Спасе Михајлов
- Лефтерка Крстева
- Наташа Ристова





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.