Одржувачи на безбедноста
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Самолеплива хартија во боја
- Компјутери или таблети со пристап до Canva / Google Slides / Word
- Печатач
- Фотоапарат или мобилен телефон (за фотографии без видливи лица)
- Картон за изработка на пано

Цели
- Подигнување на свеста за личната и колективната безбедност во училишната средина.
- Поттикнување критичко размислување за безбедното однесување низ интерактивен пристап.
- Создавање позитивна и безбедна атмосфера за време на одморите и часовите.
- Јакнење на личната одговорност и на граѓанската свест кај учениците.
Очекувани резултати
- Зголемена свест за важноста на безбедноста во училиште.
- Подобро организирано движење низ училишните простории.
- Поттикната правилна телесна поставеност при седење.
- Активна вклученост на учениците во создавање позитивна училишна култура.
- Секој ученик ќе може да објасни најмалку 3 правила за безбедност во училиштето.

- Подготовка
Запознавање со активноста:
Во секоја паралелка, одделенскиот раководител им ја претставува активноста – нејзината цел и значењето.
Формирање тимови
Учениците доброволно предлагаат учесници кои ќе бидат дел од два тима:
- Креативен тим: одговорен за изработка на визуелни знаци за безбедност (со Canva, Word, Google Slides).
- Акциски тим: одговорен за поставување на знаците и за комуникација со другите паралелки.
Изработка на визуелни знаци за безбедност
Учениците, со помош на наставникот по информатика, користат едноставни алатки (Canva, Google Slides, Word) за дизајнирање знаци со следниве теми: „Одиме по десна страна“, „Не трчаме во ходниците“, „Седи правилно – чувај го грбот“, „Спушти се внимателно по скалите“.
Печатење на знаците
Знаците се печатат на самолеплива хартија во боја (може да помогне училиштето или родител).
Формирање тим за поставување
Акцискиот тим се подготвува да ја посети секоја училница со кратко воведно излагање и објаснување.
- Реализација
Посета на училници
Акцискиот тим оди од паралелка до паралелка и:
- Дава кратко објаснување за активноста.
- Објаснува зошто е важна личната безбедност.
- Стимулира дискусија со прашања и примери.
- Ги информира за улогата на „Одржувачот на безбедноста“ – секој ученик да биде чувар на безбедноста.)
- Ги поставува знаците на вратата од училницата или на видно место.
Дискусија
Учениците заедно размислуваат и дискутираат:
- Како ќе влијаат овие знаци врз нивното секојдневно однесување?
- Дали би било добро да се воведе систем за наградување паралелки кои најмногу го почитуваат безбедното однесување?
Завршна фаза
Избор на „Одржувач на безбедност“ на седмично ниво – ученик кој покажува одговорност и грижа за безбедноста на своите соученици.
Фотографирање на активноста – се изработува пано со слики и изјави од ученици: „Што значи за мене да бидам безбеден/на во училиште?“
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Драгана Митрушева
- Јованка Ефтимова
- Славица Конева
- Јана Јовева
- Лаура Димковска
- Мелда Велиова
- Мила Зафирова
- Стефанија Костадинова
- Тамара Арсова
- Лука Петров





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.