Прегледи: 102
Ние против предизвикот – „ESCAPE SCHOOL“
Тема
Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички
Предизвик
Како да ги поттикнеме учениците да работат заедно во тимови, а со цел да придонесат кон создавање училишна култура заснована на соработка, поддршка и заедништво?
За активноста
Форми на работа
Тимска работа
Време на реализација
60 минути
Возраст
Ученици од I до III година
Локација
Училишна просторија или ходник
Потребни материјали
- Коверти
- Картонска кутија (шифрирана или со клуч)
- Хартија, маркери, боички
- Лепак, селотејп
- Печатени загатки и насоки
- Листови за белешки
- Подготвени благодарници за учество
- Симболична награда за победничкиот тим
- Бројчиња за извлекување тимови (од 1 до 3)

Цели
- Поттикнување тимска соработка и меѓусебна поддршка
- Развивање логичко и критичко размислување преку интерактивни предизвици
- Поттикнување на креативноста и иницијативноста кај учениците
- Зајакнување на ученичката улога преку модерирање и водење активност
Очекувани резултати
- Зголемена отвореност за тимска работа кај учениците
- Подобрени комуникациски и социјални вештини
- Демонстрација на иницијативност и решавање проблеми во група
- Зајакнати лидерски вештини кај учениците од ученичкиот тим

Чекори
- Подготовка
- Обезбедување на потребниот материјал
- Осмислување загатки и задачи од страна на наставникот и ученичкиот тим (вклучуваат меѓупредметни содржини или општи животни ситуации)
- Создавање индивидуални насоки и различни рути низ училиштето за секој тим
- Подготовка на 3 комплети правила и процедури
- Поставување коверти со загатки на одредени точки во училиштето
- Ученичкиот тим ја поставува финалната „тајна кутија“ која се отклучува на крај
- Повик за пријавување (ограничено на 15 ученици – 3 тима)
- Подготовка на ливчиња со броеви за извлекување и формирање тимови
- Реазлизација
- Извлекување броеви и формирање на тимовите
- Наставникот ги запознава учесниците со правилата
- Тимовите добиваат прва загатка во коверт
- Секој тим е следен од по еден ученик од ученичкиот тим (модератор)
- Учесниците мора да ја решат тимски секоја загатка за да продолжат
- По секој точен одговор, добиваат нов коверт со следна насока
- Тимот што прв ќе ја отклучи финалната кутија добива награда
- Сите учесници добиваат благодарници

Училиште
СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес
Ментор
Никола Делевски
Проверено
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
Училишен тим
- Весна Славеска
- Руска Мицева
- Даниел Србов
- Ончева Михаела
- Сара Илиевска
- Сара Наумова
- Михаела Витева
- Росица Коларовска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.