Нашето училиште, наше огледало!

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ја подигнеме свеста за важноста на хигиената во училиштето по часовите, со цел да имаме чиста средина за дружење.

За активноста

Форми на работа

Групна работа

Време на реализација

Еден месец

Возраст

Ученици од VI до IX одделение

Локација

Низ цело училиште

Потребни материјали

  • Mаркери и фломастери
  • Мемо-ливчиња во форма на ѕвезди или значки
  • Картички со хигиенски задачи (за училници, ходници и други простории)
  • Табела за следење на напредокот
  • Кутии или канти за селекција на отпад
  • Прибор за одржување хигиена (метли, ракавици, кеси за отпад)

Цели

  • Да се подигне свеста за важноста на хигиената и чистата средина во училиштето.
  • Да се поттикне ученичкото лидерство и тимската работа во зачувувањето на хигиената.
  • Да се создаде култура на одговорност и грижа за училиштето како заедничко место за социјализација.

Очекувани резултати

  • Учениците знаат за важноста на хигиената и како да ја одржуваат по часовите.
  • Почиста и пријатна средина која е соодветна за дружење и активности.
  • Зајакнато чувството на одговорност и соработка меѓу учениците.
Чекори
  • Подготовка
    • Учениците создаваат организациски тим кој ќе биде одговорен за планирање и реализација на активноста.  
    • Тимот подготвува списоци со задачи што треба да се извршуваат во различни делови од училиштето (на пример, училници, ходници, тоалети).
    • Организацискиот тим подготвува „картички за хигиенски задачи“ со специфични активности (како чистење на таблата, празнење на корпите за отпадоци и сл.). 
    • Подготвуваат табела за следење на напредокот каде што ќе се запишуваат тимовите ученици кои завршиле хигиенски задачи и ќе се доделуваат мемо- ливчиња во вид на ѕвезди или налепници за успешните тимови.
  • Реализација

    Вовед во Активноста: 

    • Организацискиот тим започнува со кратко објаснување за целта на активноста и зошто е важно да се одржува училиштето чисто. 
    • Тимот им објаснува на другите ученици дека секој ден ќе биде формиран нов тим „Херои на хигиената“ кој ќе биде задолжен за специфични хигиенски задачи по часовите. 

    Извршување на хигиенските задачи: 

    • По часовите, тимовите ученици се распределуваат по училници, ходници и тоалети за да ги завршат своите задачи. 
    • Секој тим има свои „картички за хигиенски задачи“ и треба да ги заврши задачите кои им се доделени. На пример, задачите можат да бидат: „Испразни ја корпата за отпадоци“, „Избриши ја таблата“, „Провери дали прозорците се затворени“, и слично. 

    Следење на напредокот и мотивацијата: 

    • Секој ден организацискиот тим проверува дали задачите се завршени и го доделува знакот за успешна работа во табелата. 
    • Секоја седмица се објавуваат тимовите кои биле најуспешни и се доделуваат мали награди како на пример, значки или пофалби како „Тим херои на хигиената.“ 

    Дискусија и идеи за подобрување: 

    • По завршувањето на седмицата, организацискиот тим може да организира кратка дискусија со останатите ученици за тоа како се чувствуваат за активноста и дали имаат идеи за подобрување. 
    • На пример, учениците можат да предложат нови начини за одржување на хигиената или да дадат предлози за поттикнување поголемо учество. 

    Завршен рефлексивен состанок: 

    • На крајот на месецот, организацискиот тим може да организира мал настан или состанок каде што ќе ги истакне најуспешните „Херои на хигиената“ и ќе ги награди со сертификати. 
    • Истакнете како овој проект придонесе за почиста и попријатна училишна средина и разговарајте за тоа како сите заедно можат да продолжат да одржуваат хигиена на долг рок.

Прилози

Училиште

ООУ„Мустафа Ќемал Ататурк“, Гостивар

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Александар Велјаноски
  2. Александра Угриноска
  3. Даниела Ќироска
  4. Матеа Деспотовска
  5. Теа Игнеска
  6. Ива Игнеска
  7. Михаил Апостолоски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.