Наше дворче

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ја подобриме чистотата во училишниот двор преку вклучување на учениците со цел да се создадат попријатни околности за време на училишните одмори?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

Во текот на целата учебна година

Возраст

Ученици од I-IV година

Локација

Училиштен двор

Потребни материјали

  • Ракавици за еднократна употреба
  • Вреќи за ѓубре
  • Рачни метли и грибла за собирање отпад
  • Голема табла или постер за следење на напредокот на акцијата „Наше дворче“
  • Места за рециклирање со етикети за различни типови отпад



Цели

Очекувани резултати

Чекори
  • Подготовка

    Создавање тимови за чистење

    • Учениците-организатори формираат мали тимови (5-7 ученици) кои ќе се редат по распоред за одржување на чистотата во дворот за време на одморите.
    • Секој тим има свој ден кога е задолжен за собирање отпад, сортирање за рециклирање и за целосно чистење на дел од училишниот двор.

    Промоција на активноста 

    • Организаторите дизајнираат постери и флаери со мотивациски пораки, како на пример „Заедно за чист и зелен двор!“ или „Наше училиште, наша одговорност!“
    • Овие материјали се поставуваат низ училишните ходници за да се информираат и мотивираат учениците.
  • Реализација

    Чистење за време на голем одмор

    • Во договореното време, тимот за чистење започнува со активноста во училишниот двор. Нивна задача е да соберат отпад и да ги поделат пластичните шишиња, хартијата и другите материјали за рециклирање во соодветните канти.
    • Учениците користат ракавици и вреќи за отпад и заедно го прегледуваат дворот. Оваа активност трае 15-20 минути за време на одморите.

    Табла за напредок и статистика

    • Секој тим ги запишува своите активности на „Табла за напредок“. Оваа табла содржи информации за тоа колку отпад е собран и сортиран во текот на седмицата.
    • На крајот од месецот, организаторите ги објавуваат вкупните резултати. 

    Тимски ден за чистење и разубавување

    • Еден ден во месецот се организира „Тимски ден за чистење и разубавување,“ каде што сите тимови работат заедно. Освен чистење, учениците може да додадат декоративни елементи во дворот, како цвеќиња во саксии, заеднички клупи или огради кои ќе ги украсуваат со боја.
    • Овој ден е, исто така, можност за заедничко дружење и градење тимски дух. Може да се организираат забавни активности, како тимски игри или пикник, за да се поттикне ангажманот и уживањето во заедничкото училишно окружување.

    Рефлексија и идеи за подобрување

    • На крајот од секој месец, учениците-организатори организираат кратка сесија за рефлексија, каде што сите учесници можат да ги споделат своите искуства и идеи за подобрување.
    • Учениците можат да предложат нови начини за одржување на чистотата, или да покренат иницијативи како „Зелена седмица“ каде што ќе се фокусираат на подигнување на свеста за еколошките предизвици. 

Прилози

Училиште

СОУ„Гоце Делчев“, Валандово

Ментор

Проверено
Училишен тим

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.