Наш календар, наш глас! 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поддржиме учениците кои се членови на ученичкиот парламент во создавањето Календар на активности, а со цел да се подобри мотивацијата на учениците од предметната настава и да се зголеми нивнoто учество во училишните иницијативи?

За активноста

Форми на работа

Групни дискусии и тимски состаноци

Време на реализација

1 седмица

Возраст

Ученици од VII и VIII одделение, членови на ученичкиот парламент

Локација

Училишни простории (кабинет за информатичка технологија, училници, библиотека)

Потребни материјали

  • Компјутери или таблети
  • Canva или друга алатка за создавање дигитален календар
  • Google Forms (за анкетирање и за собирање идеи)
  • Мемо-ливчиња, маркери (за брз запис на идеи на состаноци)

Цели

  • Поттикнување активно вклучување на учениците во планирањето на училишниот живот
  • Развивање дигитални и организациски вештини кај учениците
  • Поттикнување креативност, иницијативност и одговорност
  • Поттикнување на ученичката перспектива во годишното планирање

Очекувани резултати

  • Изработен и визуелно привлечен календар со ученички иницијативи за учебната 2025/2026 година
  • Зголемена мотивација и чувство на припадност кај учениците
  • Структурирано вклучување различни типови на активности (спортски, културни, хуманитарни…)
  • Подобрена комуникација меѓу учениците и наставниците
  • Најмалку 70 % од учениците ќе предложат најмалку една активност преку анкетата.
  • Календарот ќе содржи минимум 12 активности од различни категории (спорт, култура, хуманитарни, едукативни)
Чекори
  • Подготовка
    • Формирање работен тим со одговорности: истражување, комуникација, дизајн
    • Создавање и споделување онлајн анкета со цел собирање идеи од ученици
    • Подготовка на критериуми за вклучување во активностите (релевантност, интерес, можност за реализација)
  • Реализација

    Собирање и обработка на идеи

    • Реализирање анкета меѓу учениците за активности што ги интересираат
    • Состанок на тимот за анализа на одговорите и групирање на идеите по теми
    • Советување со наставниците и со стручната служба за усогласување со годишната програма.

    Изработка на календарот

    • Создавање структура: месечен приказ, категории (културни, спортски, едукативни, забавни, волонтерски)
    • Дизајн на дигитален календар во Canva
    • Изработка на завршен дизајн и споделување на дигиталната верзија преку Padlet/училишна веб-страница/QR-код

    Промоција

    • Кратко претставување на активноста пред соучениците
    • Создавање визуелна најава: постер, QR-код, мини видео или презентација
    • Споделување на календарот преку дигитална табла, огласна табла и училишни канали

Училиште

ООУ „Глигор Прличев“ – Охрид

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Марина Танасоска
  2. Цветанка Ристеска
  3. Николина Чадоска
  4. Ели Богоевска
  5. Елена Секулоска
  6. Андреј Симиџиоски
  7. Јана Шешоска
  8. Ерен Џело
  9. Константин Петрушески
  10. Евгенија Шоргиќ
  11. Теодора Наумова
  12. Калина Георгиеска
  13. Марија Скрческа

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.