Најмотивиран велосипедист

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како да ги мотивираме учениците да доаѓаат на училиште со велосипеди, со цел да промовираме здрави навики?

За активноста

Форми на работа

Групна работа

Време на реализација

1 наставен час

Возраст

Ученици од IV одделение

Локација

Училиштен двор

Потребни материјали

  • Маркери (конуси), креди и штоперица
  • Велосипеди
  • Хартија и прибор за пишување
  • Диплома „Најмотивиран велосипедист“

Цели

  • Да се мотивираат учениците да доаѓаат на училиште со велосипеди.
  • Да се подигне свеста кај учениците за создавање здрави навики.

Очекувани резултати

  • Учениците ќе станат свесни за важноста за зачувување и промовирање здрава животна средина преку практикување здрави навики на живеење и физичка активност.
Чекори
  • Подготовка
    • Состанок на тимот ученици кои се носители на активноста – дискусија како да ги мотивираме учениците. 
    • Договарање да се спроведе натпревар на полигон во една паралелка во одделенска настава, на час по физичко и здравствено образование, со намера, доколку е успешна активноста, да се прошири како натпревар меѓу паралелки. 
    • Креирање диплома за „Најмотивиран велосипедист“. 
    • Означување полигон со маркери (конуси) и креди. 
    • Организирање и водење на учениците – учесници во полигонот. 
  • Реализација
    • Учениците – носители на активноста ги запознаваат учениците – учесници со целта на активноста, објаснувајќи ги придобивките од возење велосипед и важноста на физичката активност и здравиот начин на живот. 
    • Учениците – носители им ги објаснуваат на учениците – учесници правилата за безбедно возење на велосипеди на полигонот, како и клучните елементи за безбедност при возење велосипед. 
    • Учениците возат по полигонот и оној кој ќе пристигне на целта со најмалку грешки се прогласува за „Најмотивиран велосипедист“. 
    • По завршувањето на натпреварот, се организира кратка дискусија каде што учениците ќе размислуваат за тоа како редовното возење велосипед може да влијае на нивното здравје и животната средина.  
    • Се изготвува табела во која ќе се запишуваат сите ученици што ќе доаѓаат на училиште со велосипед. Исто така, можат да се воведат и други признанија: ученик кој најчесто доаѓал на училиште со велосипед, ученик кој поминал најголемо растојание со велосипед и сл. за да се мотивираат повеќе ученици

Прилози

Училиште

ООУ„Кочо Рацин“, Прилеп

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Елена Апостолоска
  2. Марија Јаков
  3. Кети Шишкоска
  4. Надица Мицеска
  5. Мариос Карабунарлис
  6. Божидар Ристески
  7. Матеа Чупетреска
  8. Стефанија Христоска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.