Музички одмор – музиката ја води атмосферата!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
Лаптоп, звучници, список со песни за репродукција

Цели
- Да се внесе позитивна, опуштена атмосфера во училиштето
- Да се поттикне активност и учество на учениците
- Да се развие вкус за соодветна музика и културна изразност
Очекувани резултати
- Учениците и вработените се чувствуваат поопуштено
- Големиот одмор добива поинаков, позитивен ритам
- Учениците се ангажираат во креативни и организаторски задачи

- Подготовка
Формирање тим за создавање соопштение за активноста. Формулирање текст на повикот кој ги вклучува:
- Целта на повикот (вклучување во изборот на музиката).
- Технички услови (траење од 20 минути, формат на поднесување – врска, наслов на списокот песни за репродукција, опис).
- Рок за поднесување на предлозите.
- Адреса за контакт/електронска адреса или платформа за доставување.
- Напомена за авторски права и примерен музички избор.
Превод на соопштението
Дизајн на визуелната верзија (за социјални мрежи или печатење – постер/банер).
Распределба на соопштението, објава на социјалните мрежи, веб-страница.
Поттикнување учество преку интеракција на мрежи (хаштагови, коментари, анкети).
Следење на пристигнатите предлози и потврда за прием.
Формирање комисија за избор на списоци со песни за репродукција; Избор од 3 до 5 члена (наставници, ученици, педагог). Одредување критериуми за избор:
- Тематска соодветност.
- Разновидност и пристапност.
- Почитување на времетраењето.
- Креативност и оригиналност.
Распоред на средби или сесија за преслушување. Водење записник од изборот и селектирани списоци со песни за репродукција по ден.
- Финализирање и објава на избраните списоци со песни за репродукција. Известување до учесниците за резултатите. Објава на избраните списоци со песни за репродукција. Архивирање на сите предлози за идни потреби.
- Реализација
Избор на ученици задолжени за пуштање музика. Дефинирање на улогата и на одговорностите. Учениците ќе бидат одговорни за:
- Навремено присуство на договореното место (на пр. пред часови, за време на големиот одмор и сл.).
- Пуштање на одобрениот список со песни за репродукција за тој ден.
- Контрола на јачината и на квалитет на звукот.
- Почитување на пропишаните технички и содржински правила.
- Реагирање во случај на технички проблем или несоодветна содржина.
Критериуми за избор на ученици
- Ученици од VIII и IX одделение (или според договор).
- Одговорност, интерес за музика и техничка писменост.
- Способност за тимска работа и почитување на распоредот.
Повик и пријавување. Објавување интерен повик за пријавување (усно или писмено). Пријава преку образец или директно кај одговорното лице (педагог/наставник). Можност за доброволно пријавување или избор по препорака од класните раководители.
Формирање распоред по денови. Изработка на седмичен/месечен распоред за менување на учениците:
- Секој ден различен ученик или пар ученици.
- Вклучување на сите пријавени (доколку бројот дозволува).
- Можност за формирање дежурен тим како резерва.
- Објава на распоредот на видно место.
Обука и инструкции. Кратка обука со следниве елементи:
- Како се користи музичкиот уред/систем.
- Кога и каде точно се пушта музиката.
- Преглед на дозволениот список со песни за репродукција.
- Правила за однесување (непуштање лични песни, реклами и сл.).
- Претставување или пробна сесија, доколку е потребно.
Следење и евиденција. Водење евиденција за присуство и извршување на обврските. Забелешки и пофалби за добро извршена задача. Можност за замена во случај на отсуство, со претходно известување.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Јасмина Кукунешоска Кочоска
- Селпи Пошка
- Костантин Вешоски
- Христина Дејкоска
- Иринеј Хиохи
- Берак Шашко
- Веса Положани
- Оргес Рахмани





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.