Мојата училница – мојата удобна зона!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Листови во боја,
- Печатач,
- Компјутер,
- Телевизор

Цели
- Подигнување на свеста за важноста на чувањето на училишниот инвентар
- Поттикнување на естетската култура и на одговорноста за заедничкиот простор
- Развивање натпреварувачки дух и соработка меѓу учениците
- Да се развие чувство за колективна одговорност и заедништво.
Очекувани резултати
- Поуредни и почисти училници
- Поголема одговорност кај учениците
- Позитивна училишна клима
- Зголемена вклученост и тимска работа

- Подготовка
Формирање на четири работни тимови:
Тим за изработка на постер:
- Подготвува визуелна кампања преку Canva – постер со наслов: „Мојата училница е мојата удобна зона“. Вклучува споредбени фотографии (уредна наспроти неуредна училница) и мотивациски пораки.
Тим за мотивациски пораки:
- Создава кратки инспиративни реченици кои се поставуваат низ училишните ходници (на пример: „Чиста клупа – чиста мисла!“, „Убав ред за убав ден!“).
Тим за подготовка на конкурс:
- Ги дефинира критериумите за оценување (ред, чистота, креативност, одржување ѕидни табли и полици) и подготвува јавно соопштение и рубрика за оценување.
Тим за оценување:
- Составен од претставници на училишниот тим и наставници. Обучен за објективна процена според однапред договорени критериуми.
- Реализација
Информативна кампања:
- Постерот и пораките се испраќаат до одделенските раководители со упатство да се претставуваат на одделенски час.
- Се објавува конкурсот со прецизни критериуми.
Оценување на училниците:
- Тимот за оценување ги посетува сите училници.
- Се користи рубрика за оценување.
- Се прават белешки и се изготвува рангирање.
Наградување и промоција:
- Најдобро уредената училница се прогласува за победник.
- Се доделува симболичен „златен медал“ изработен од хартија.
- Се прават фотографии од училницата (без ученици) и се објавуваат на страницата на училиштето на Фејсбук и на веб-страницата на училиштето.

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Мери Олумчева
- Кристина Младеновска
- Катица Крстиќ
- Маријана Гошева
- Благоја Стоев
- Сандра Камчева
- Ана Петрова
- Ана- Марија Чучанова
- Светлана Димова
- Јулија Хаџимитров





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.