Мисловна мапа

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците да се информираат за превентивните мерки за кибернасилството со цел негово намалување?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

60 минути

Возраст

Ученици од I-IV година

Локација

Училница

Потребни материјали

  • А4 листови
  • Компјутери/таблети/паметни телефони
  • Интернет
  • Печатач

Цели

  • Зголемување на информираноста на учениците за превенција од кибернасилство.

Очекувани резултати

  • Стекнати знаења за заштита на социјалните мрежи од кибернасилство
Чекори
  • Подготовка

    Просторно и временско уредување

    • Избор на просторија за одржување на работилницата
    • Подготовка на просторијата за работилницата
    • Дефинирање на времето на одржување на активноста на тема „Кибернасилство”
    • Утврдување број на учесници

    Подготовка на учениците – организатори

    • Поделба во групи и доделување улоги: лидер на група, истражувачи и записничар во група на генерираните идеи и информации. Лидерот ја организира секоја група, истражувачите прибираат информации за различните форми на кибернасилство, превенција и релевантна статистика.
    • Одредување на учениците кои ќе го создадат постерот

    Дефинирање и избор на главна порака на постерот

    • Статистика.
    • Совети
    • Изглед и дизајн
    • Фонт
    • Повик за преземање акција.

    Избор на стручен соработник

    • Социолог, педагог, психолог од училиштето кој ќе работи и ќе ги надгледува учениците.
  • Реализација

    Лидерите, заедно со стручниот соработник, ги организираат групите и даваат насоки

    • Секоја група изработува мисловна мапа со темата кибернасилство напишана во средиа.
    • Учениците во групите цртаат дебели линии во форма на зрак кои излегуваат од темата. Над секоја линија пишуваат една потттема или главно прашање што го договараат во рамките на групата. Поаѓајќи од дебелите главни линии можат да нацртаат други  послаби линии, кои претставуваат дополнителни подкатегории или прашања.

    Истражување

    • Учениците во рамките насвоите тимови ги прибираат потребните информации и ги одговараат прашањата поставени на мисловната мапа која на крајот ќе послужи за изработка на постерот со кој ефикасно ќе се пренесе пораката за сериозноста од кибернасилството и ќе поттикне позитивно онлјан однесување.
    • Се собираат сите идеи и информации и се споделуваат за составување на мисловна мапа – процес кој ќе им помогне за реализација на крајниот производ-постер за превенција од кибернасилство.
    • Стручниот соработник ги набљудува учениците и им помага, доколку има потреба.

    Изработка на постер

    • Учениците кои беа одбрани за изготвување на постерот ги собираат сите потребни информации и го изработуваат врз основа на тоа што беше претходно утврдено и одобрено пред почетокот на работилницата

     

Прилози

Училиште

СОУ Гимназија „Добри Даскалаов“, Кавадарци

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Арелена Гостимировиќ
  2. Ангела Цилева
  3. Данка Стојкова
  4. Васил Трајков
  5. Елена Манова
  6. Благој Камчев
  7. Методи Јованчев
  8. Игнат Петров
  9. Владимир Костов
  10. Ирена Долева
  11. Даниела Живковиќ
  12. Александар Стојков
  13. Наталија Ставрова
  14. Мартина Кендроска
  15. Стефанија Стојаноска
  16. Благица Михајловска
  17. Наташа Матакова
  18. Марија Добринова
  19. Стефанија Костадинова

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.