Мисија – Биди дел од промената 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците да членуваат во училишната заедница, а со цел создавање ученички иницијативи?

За активноста

Форми на работа

Тимска работа, групна дискусија, презентација

Време на реализација

2 часа

Возраст

Ученици од I и II година

Локација

Пространа училница или мултимедијална просторија

Потребни материјали

  • Коверти со загатки
  • Брави и кутии (можат да бидат симболични)
  • Хамери
  • Пенкала, маркери
  • Презентација (PowerPoint)
  • Лаптоп и проектор
  • Награди (симболични: дипломи, беџови со логото на УУЗ, слатки)

Цели

  • Да се зголеми мотивацијата на учениците за членување во УУЗ
  • Да се зајакне чувството на припадност и соработка
  • Да се подигне свеста за улогата и можностите на УУЗ
  • Да се развие тимски дух и креативност кај учениците
  • Да се зајакне демократската култура во училиштето преку активно учество.
  • Да се охрабрат учениците да го користат својот глас за промени.
  • Да се создаде чувство на заедништво и заедничка одговорност во подобрување на училишната клима.

Очекувани резултати

  • Зголемен интерес за членување во УУЗ
  • Подобро разбирање на функциите и придобивките од УУЗ
  • Развиени ученички идеи за иницијативи
  • Подобрена соработка меѓу генерации
  • Поголем број ученици ќе станат членови на УУЗ.
  • Учениците ќе препознаат дека преку УУЗ можат да иницираат конкретни промени (на пример: културни, спортски, волонтерски активности).
  • Училиштето добива засилена база на идеи за подобрување на секојдневниот живот.
Чекори
  • Подготовка
    • Истражување и подготовка на загатки поврзани со:
      • што е УУЗ
      • како функционира
      • примери на ученички иницијативи
      • избор на раководство
      • права и одговорности на учениците
    • Подготовка на визуелна презентација: „Училиштето е подобро со ТЕБЕ! “
    • Подготовка на простор во стил на „escape room“ (кутии, пораки, предмети со скриени информации)
    • Изработка на симболични награди
  • Реализација
    • Добредојде и кратко воведно излагање за целта на активноста
    • Презентација: „Училиштето е подобро со ТЕБЕ! “
    • Дискусија – „Запознај се со УУЗ“
    • Објаснување на правилата на „Escape Room“: секоја група решава низа загатки и добива дел од „клучот“ за УУЗ
    • Учениците се делат на 4 групи (4 ученици по група)
    • Активност „Escape Room“ (30 мин.): учениците решаваат загатки, составуваат мапа на УУЗ и откриваат како можат да се приклучат
    • Презентација на откриените информации од секоја група
    • Финална дискусија: Какви иницијативи можат да се покренат преку УУЗ?
    • Доделување награди и покана за членување во УУЗ (
    • По завршувањето, учениците кои се заинтересирани за членување веднаш добиваат формулар/покана за пристапување во УУЗ.
    • На огласна табла или училиштен блог се објавува резиме од активноста со пораката „Биди дел од промената!“ и со фотографии од загатките и креативниот простор (без лица).

Училиште

СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Анита Бунеска
  2. Емилија Николоска
  3. Лидија Тошеска
  4. Алексеј Сркески
  5. Меланија Боцеска
  6. Стефани Јаковлеска
  7. Теодора Јанческа
  8. Нена Тодороска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.