Лабораторија на идеи

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ги поттикнеме учениците од II година да развиваат и искажуваат креативни идеи за нивна поголема вклученост во училишни проекти?

За активноста

Форми на работа

Работа во групи

Време на реализација

45-60 минути

Возраст

Ученици од II година

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Големи постери или листови за табла за запишување идеи
  • Маркери, налепници и материјали за колаж
  • „Картички со идеи“ со прашања и предизвици
  • Простор за изведување бура на идеи
  • Тајмер за мерење на времето за секоја сесија
  • Простор за изложба на финалните идеи (табла, ѕид или проектор)



Цели

  • Да се поттикне креативноста кај учениците и да се осигури дека секој има шанса да ја искаже својата идеја.
  • Да се развие култура на тимска работа и заедничко решавање предизвици.
  • Да се зголеми учеството на учениците во училишни проекти преку создавање проекти кои се инспирирани од нивните идеи.

Очекувани резултати

  • Учениците имаат развиено креативност и ги претставуваат своите идеи.
  • Поттикната тимската работа и соработката, што ќе доведе до поголемо учество во училишните проекти.
  • Создавање нови и иновативни проекти за училиштето, што придонесува за поинтересна и позабавна училишна средина.
Чекори
  • Подготовка

    Подготвување на просторот за лабораторијата на идеи

    • Учениците-организатори подготвуваат простор за сесии со бура на идеи Просторот треба да има постери или листови за табла на кои ќе можат да се запишуваат идеи, како и маркери и налепници за креативност.
    • На секоја клупа се поставуваат „Картички со идеи“ со предизвици или прашања за размислување. На пример: „Како би изгледало училиштето од соништата?“ или „Што би сакал/а да промениш во училишните активности?“

    Поставување на категориите на идеите

    • Ученичкиот тим создава различни категории за идеите, како „Училишни настани“, „Еко-иницијативи,“ „Креативни уметности,“ и „Технологија“, „СТЕМ“ и сл. .
    • Категориите се поставени на видливо место и секој ученик може да избере категорија што најмногу го интересира.
  • Реализација

    Вовед во лабораторијата за идеи

    • Учениците-организатори започнуваат со кратко објаснување на активноста и ги поттикнуваат сите учесници да се изразат слободно. Објаснуваат дека целта е да се споделат идеи кои можат да се претворат во проекти за подобрување на училишниот живот.
    • Потоа ги делат учениците во тимови по 4-5 члена и секој тим избира категорија и започнува со картичките за идеи.

    Сесии за бура на идеи

    • Првата сесија: Учениците се движат низ предизвиците и заедно генерираат идеи за нивните категории. На секои 10 минути, тимовите ги споделуваат своите идеи со остатокот од групата.
    • Втора сесија: Секоја група избира најдобра идеја и ја разработува со помош на материјали за колаж. Организаторите ги поттикнуваат да размислуваат како идејата би можела да се реализира во училиштето.

    Изложба на идеи

    • По завршувањето на сесиите, тимовите ги изложуваат своите финални идеи на „Ѕидот на идеи“. Секој тим има 2-3 минути да ја претстави својата идеја пред останатите.
    • Презентациите се кратки и фокусирани, со цел да се покаже креативноста и иновативноста на тимот.

    Гласање и финален избор на идеи

    • Сите ученици гласаат за идеите што ги сметаат за најинтересни и најкорисни за училиштето. Може да се гласа со налепници или преку дигитална анкета.
    • Организаторите ги прогласуваат победничките идеи, кои ќе добијат поддршка за понатамошна реализација со помош на училишниот персонал и ментори.

    Награди за учество и иновација

    • На крајот, секој тим добива сертификат за учество. На победничките тимови може да им се понуди можност да ги развијат своите проекти со поддршка од ученичкиот парламент или со финансиска помош од училиштето.

Прилози

Училиште

СОУ„Кузман Јосифовски – Питу“, Прилеп

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Петар Чадамов
  2. Јована Мојаноска
  3. Душко Илиески
  4. Васко Петанчески
  5. Изабела Слабакоска

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.