Културен музеј
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Постери, маркери и боички
- Печатени фотографии и слики поврзани со ромската култура
- Примери на ромска музика (лаптоп или звучник)
- Кратки текстови за обичаите, историјата и традициите на Ромите
- Традиционални предмети (ако е можно), како облека, музички инструменти, ракотворби
- Картички со опис за секоја „експонат“

Цели
- Да ги запознае учениците со ромската култура на интересен и интерактивен начин.
- Да се поттикне емпатија и почитување кон ромските ученици и нивното културно наследство.
- Да се создаде училишна средина каде што сите ученици се чувствуваат еднакви и почитувани.
Очекувани резултати
- Почит кон ромската култура и разноликоста во училиштето.
- Намалена етничка дискриминација и зајанати врски на пријателство и разбирање.
- Поттикната културна свест и прифаќање на различностите

Формирање организациски тим
- Учениците создаваат организациски тим што ќе биде одговорен за истражување, подготовка и поставување на „Културниот музеј.“
- Тимот го истражува значењето на ромската култура и собира информации, фотографии, текстови и предмети за изложбата.
Подготовка на изложбените станици
- Тимот ги подготвува изложбените станици според темите, како на пример: ромска музика, традиционална облека, обичаи, јазик и уметност.
- За секоја станица, тимот создава картички со опис на изложените предмети или темата која ја опфаќаат. На пример, постер што објаснува какви музички инструменти се користат во ромската култура и какво значење има музиката.
Поставување на музејот
- Организацискиот тим ги распоредува станиците низ училишниот хол или училница, правејќи простор каде што учениците можат да се движат и да учат за различните аспекти на ромската култура.
- Поставуваат звучници или лаптоп за да пуштаат ромска музика и за да се создаде автентична атмосфера.
Отворање на културниот музеј
- Организацискиот тим ги поканува останатите ученици и наставници да го посетат музејот.
- Тимот им објаснува на посетителите дека музејот е можност за запознавање со ромската култура и ги води низ различните изложби.
Организирање и водење посети
Учениците од организацискиот тим ги водат групите посетители од една до друга станица, објаснувајќи ја секоја тема. На пример:
- Музика: Тимот пушта ромска музика и објаснува како таа е дел од секојдневието и обичаите на Ромите.
- Јазик и традиции: Претставуваат кратки фрази на ромски јазик и објаснуваат некои обичаи, како празнувања и свадби.
- Уметност и облека: Тимот покажува слики и објаснува за значењето на ромската облека и уметност.
Интерактивни станици
- На некои станици, посетителите можат да учествуваат интерактивно: да пробаат некој музички инструмент, да ја видат облеката или да прочитаат ромска поговорка.
- Има листови за впечатоци каде што учениците можат да напишат што научиле или да постават прашања за тоа што ги интересира.
Завршна рефлексија
- По завршувањето на посетата, организацискиот тим одржува кратка сесија за рефлексија каде што учениците можат да споделат што им оставило најголем впечаток.
- Тимот поставува прашања за дискусија: „Што научивте за ромската култура што не сте го знаеле досега?“ и „Како ова може да помогне сите да бидеме подобри пријатели?“
Прилози

Училиште
Ментор
- Александра Блажевска
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Александар Велјаноски
- Александра Угриноска
- Даниела Ќироска
- Матеа Деспотовска
- Теа Игнеска
- Ива Игнеска
- Михаил Апостолоски





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.