Круг на заеднички интереси
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Големи листови хартија и маркери
- Картички со различни прашања за запознавање
- Налепници за означување групи
- Тајмер за мерење на времето

Цели
- Да им се овозможи на учениците да се запознаат со своите врсници и да најдат заеднички интереси.
- Да се создаде атмосфера на доверба и пријателство, намалувајќи ја веројатноста за насилство и дискриминација.
- Да се поттикне позитивна и средина во која се поттикнува поддршка преку интерактивни активности.
Очекувани резултати
- Учениците се чувствуваат прифатени и дел од заедницата.
- Се градат пријателства кои учениците ги доживуваат како поддршка во текот на учебната година.
- Намален стрес и поттикнато позитивно однесување и почит меѓу учениците.

- Подготовка
Подготовка на материјали
Учениците-организатори подготвуваат големи листови хартија и маркери за секоја група. За секој круг/група потребен е еден лист и неколку маркери.
Се изработуваат картички со прашања за запознавање. Организаторите одбираат 4-5 прашања што ќе ги поттикнат новите ученици да се запознаат подобро. Некои идеи за прашања:
- „Кое е твоето омилено хоби?“
- „Која е твојата омилена книга/филм?“
- „Што сакаш да постигнеш оваа година?“
Секој ученик-организатор има налепници со различни бои за означување на групите. Организаторите користат различни бои за да го олеснат наоѓањето на групите.
Подготовка на просторот
- Учениците-организатори го организираат просторот, создавајќи области каде што секоја група може да седне удобно во круг. Потребно е секој круг да има свој одвоен простор, така што групите ќе можат да се фокусираат и да разговараат.
- На секое место учениците-организатори поставуваат материјали: хартија, маркери и картички со прашања.
- Учениците-организатори поставуваат тајмер или користат свој телефон за мерење на времето за секоја сесија.
Преглед на инструкциите и улогите
- Организаторите се собираат за да ги определат своите улоги. Тие ќе ги објаснат правилата, ќе ги водат групите и ќе се уверат дека сите учесници се вклучени и активни.
- Пред почетокот, организаторите договараат кратко воведно обраќање, објаснувајќи ја целта на активноста: да се поврзат новите ученици и да се олесни нивното приспособување.
- Реализација
Поделба во групи:
- Организаторите ги делат учениците во мали групи (по 5-7 ученици), користејќи налепници со различни бои за секоја група. Ова ќе им помогне на учениците да ја пронајдат својата група и да се подготват за активноста.
Круг на заеднички интереси:
Учениците од секој круг добиваат голем лист хартија и маркери. Учениците седат во круг и секој ученик на кратко се претставува. Организаторите поставуваат картичка со прашање на средината на кругот. Пример за прашања:
- „Која е твојата омилена книга или филм и зошто?“
- „Што сакаш да правиш во слободно време?“
- „Која личност најмногу те инспирира и зошто?“
- „Ако можеш да патуваш каде било во светот, каде би отишол/ла и зошто?“
- „Која е твојата омилена игра или спорт?“
- „Какви вештини би сакал/а да научиш во иднина?“
- „Што е нешто за кое си горд/а што си го постигнал/а?“
- „Која е најзабавната активност што си ја направил/а со пријателите?“
- „Каква кариера сакаш да имаш кога ќе пораснеш?“
- „Која е најубавата работа што некој ја направил за тебе?“
Секој ученик одговара на прашањето и го запишува својот одговор на листот, создавајќи визуелен приказ на интересите на групата. Ако двајца или повеќе ученици имаат исти одговори, ги поврзуваат со линија, создавајќи мрежа на заеднички интереси.
Ротирање на прашањата:
- По завршувањето на првото прашање, групата ротира и одговара на ново прашање на истиот лист хартија. Ова ќе им даде можност да најдат повеќе заеднички точки и ќе им помогне да се чувствуваат поврзани со повеќе ученици.
- Повторувањето на овој процес со неколку различни прашања ќе им помогне на учениците да се запознаат подобро и да откријат неочекувани заеднички интереси.
Споделување впечатливи случувања во групите:
- На крајот, секоја група избира еден претставник кој на кратко ќе ги сподели најинтересните или најчестите заеднички интереси на нивната група со останатите. Ова им овозможува на сите ученици да се поврзат, дури и со оние од другите групи.
- Сите ученици добиваат шанса да постават прашања и да коментираат за интересите на другите групи, со што се поттикнува дополнителна интеракција.
Наградување за учество:
Организаторите ги поттикнуваат учениците да формираат „група за интереси“ по свој избор, каде што ќе продолжат да се дружат и да се поддржуваат низ годината.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Лилјана Андовска
- Јана Пљокова
- Викторија Панзова
- Дамјан Донев
- Филип Андоновски
- Пале Трпкова
- Силвана Печкова
- Анита Смилевска





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.