Креативна палета на еднаквоста и другарството

Тема

Промовирање на еднакви права за сите ученици и ученички

Предизвик

Како би можеле да ја подобриме комуникацијата помеѓу учениците од различна возраст, со цел да се намали насилството? 

За активноста

Форми на работа

Индивидуална 

Време на реализација

2 наставни часа 

Возраст

Ученици од IV до IX одделение

Локација

Училница

Потребни материјали

  • Штафелаи и платно или листови од блок
  • Темперни бои, боички, фломастери и сл.
  • Четки  

Цели

  • Подобрување на другарувањето меѓу учениците.
  • Соработка со соучениците во остварување на заедничките цели.
  • Проценување на сопствените способности и постигнувања.
  • Развивање здрав животен стил.

Очекувани резултати

  • Ученици се поттикнати на дружба; се запознаваат и се дружат.
  • Учениците меѓусебно соработуваат во остварување на заедничките цели преку развивање здрав животен стил.
  • Учениците ќе сфатат дека истрајноста, упорноста и одговорноста се важни за остварување на целите и за надминување на предизвиците во секојдневниот живот.
Чекори
  • Подготовка
    • Формирање организациски тим: 

    Се избираат учениците кои ќе бидат членови на тимот за организација на активноста. Тимот треба да ја води подготовката за сликањето, да го координира изборот на темите и да го води настанот. 

    • Избор на теми за сликање: 

    Тимот, заедно со наставникот по ликовно образование, избира неколку теми за сликање (на пример: портрет, пејзаж, мртва природа). Учениците можат да предложат и теми поврзани со етички вредности како другарство, правичност и толеранција. 

    • Подготовка на просторот: 

    Се обезбедуваат штафелаи, четки, бои, платна и други потребни сликарски материјали. Просторот каде што ќе се одржи настанот треба да биде подготвен, чист и функционален. 

    • Пријавување на учесници: 

    Се споделува образец за пријавување на учесници. Учесниците треба да бидат од различни возрасти за да се поттикне социјализацијата меѓу учениците од различни одделенија. Се избираат ученици кои ќе бидат редари и судии и кои ќе ги водат натпреварувачите и ќе се грижат за редот.

  • Реализација
    • Одржување на натпреварот: 

    Учениците започнуваат со сликање на зададените теми. За време на натпреварот, редарите ги водат учениците и ја контролираат публиката, уверувајќи се дека се следат сите правила. Атмосферата е опуштена, со можност за релаксирачка музика во заднина. 

    • Презентација: 

    По завршувањето на сликањето, се прави изложба од сите дела во училишната аула. Секој ученик го претставува своето дело пред присутната публика.  

     Сите учесници добиваат признание за учество како поттик за нивната креативност. 

Прилози

Училиште

ООУ„Војдан Чернодрински“, Скопје

Ментор

Александра Блажевска
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Љупка Миленковиќ
  2. Кристина Цветковска
  3. Татјана Неческа
  4. Дариа Хабахбех
  5. Леа Кермитчиева
  6. Луна Киткањ
  7. Сара Начевска
  8. Ана Лазарова
  9. Мартин Стојановски
  10. Андреј Аврамовиќ

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.