Креативна палета на еднаквоста и другарството
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Штафелаи и платно или листови од блок
- Темперни бои, боички, фломастери и сл.
- Четки

Цели
- Подобрување на другарувањето меѓу учениците.
- Соработка со соучениците во остварување на заедничките цели.
- Проценување на сопствените способности и постигнувања.
- Развивање здрав животен стил.
Очекувани резултати
- Ученици се поттикнати на дружба; се запознаваат и се дружат.
- Учениците меѓусебно соработуваат во остварување на заедничките цели преку развивање здрав животен стил.
- Учениците ќе сфатат дека истрајноста, упорноста и одговорноста се важни за остварување на целите и за надминување на предизвиците во секојдневниот живот.

- Формирање организациски тим:
Се избираат учениците кои ќе бидат членови на тимот за организација на активноста. Тимот треба да ја води подготовката за сликањето, да го координира изборот на темите и да го води настанот.
- Избор на теми за сликање:
Тимот, заедно со наставникот по ликовно образование, избира неколку теми за сликање (на пример: портрет, пејзаж, мртва природа). Учениците можат да предложат и теми поврзани со етички вредности како другарство, правичност и толеранција.
- Подготовка на просторот:
Се обезбедуваат штафелаи, четки, бои, платна и други потребни сликарски материјали. Просторот каде што ќе се одржи настанот треба да биде подготвен, чист и функционален.
- Пријавување на учесници:
Се споделува образец за пријавување на учесници. Учесниците треба да бидат од различни возрасти за да се поттикне социјализацијата меѓу учениците од различни одделенија. Се избираат ученици кои ќе бидат редари и судии и кои ќе ги водат натпреварувачите и ќе се грижат за редот.
- Одржување на натпреварот:
Учениците започнуваат со сликање на зададените теми. За време на натпреварот, редарите ги водат учениците и ја контролираат публиката, уверувајќи се дека се следат сите правила. Атмосферата е опуштена, со можност за релаксирачка музика во заднина.
- Презентација:
По завршувањето на сликањето, се прави изложба од сите дела во училишната аула. Секој ученик го претставува своето дело пред присутната публика.
Сите учесници добиваат признание за учество како поттик за нивната креативност.
Прилози

Училиште
Ментор
- Александра Блажевска
- Ана Попризова
- Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Љупка Миленковиќ
- Кристина Цветковска
- Татјана Неческа
- Дариа Хабахбех
- Леа Кермитчиева
- Луна Киткањ
- Сара Начевска
- Ана Лазарова
- Мартин Стојановски
- Андреј Аврамовиќ





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.