„Јас можам!“ – Инкубатор на идеи за ученички иницијативи 

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како би можеле да ја зголемиме самодовербата кај учениците за организирање училишни активности, a со цел да има повеќе ученички иницијативи?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална работа, работа во мали групи, пленарна дискусија, презентација

Време на реализација

90 минути

Возраст

Ученици од I–IV година

Локација

Училница или сала за настани

Потребни материјали

  • Картонски таблички и маркери
  • Лепливи ливчиња
  • Презентациски постер или хартија за табла
  • Образец за планирање иницијатива
  • Табела за самооценување на вештини

Цели

  • Да се зголеми самодовербата кај учениците за планирање и реализирање на училишни иницијативи
  • Да се развијат вештини за презентација, аргументирање и тимска работа
  • Да се поттикне претприемнички и активен став кај учениците
  • Да се охрабрат учениците дека нивниот глас и идеи се вредни и дека можат да имаат реално влијание врз училиштето.

Очекувани резултати

  • Секој ученик ќе предложи барем една иницијатива
  • Ќе се создадат 3 до 5 конкретни предлози со акциски чекори
  • Учениците ќе добијат алатки за самооцена на вештини
  • Зголемена мотивација за ангажман во ученичкиот парламент и други активности
  • Зголемена култура на иницијативност и волонтерство.
Чекори
  • Подготовка
    • Тимот на ученичкиот тим подготвува водич со чекори за планирање иницијатива
    • Се создава шаблон за „моја идеја“ (име на иницијатива, зошто е важна, кој е вклучен, што треба да се направи)
    • Се контактираат 1–2 ученици кои ќе презентираат успешна иницијатива од претходни години
  • Реализација

    Игра за загревање: „Да можам, би…“

    • Секој ученик на лист пишува идеја за нешто што би направил за училиштето или соучениците – без ограничување. Пр. „Да можам, би направил седмица без телефони“, „Би вовел ден на спортот“, „Би организирала дебата за еко-свесност“ итн. Неколку ученици читаат на глас.

    Кратка дискусија 

    • „Што ми пречи да предложам идеја во моето училиште?“

    Работа во групи

    • Учениците формираат тимови по 4 до 5 ученици
    • Секој тим добива задача: Да осмисли ученичка иницијатива користејќи шаблон
    • Менторите (ученички тим, педагог, постари ученици) ги поддржуваат тимовите

    Презентации и гласaње 

    • Секој тим ја претставува својата иницијатива
    • Учениците анонимно гласаат за највредна, најиновативна и најреализирачка иницијатива

    Затворање и самооцена

    • Учениците пополнуваат табела за самооцена на вештини (јасност на идеја, соработка, самодоверба во презентирање итн.)
    • Ученичкиот тим ги собира шаблоните и ги сумира за понатамошна поддршка
    • Формирање „мини акциски план“ за избраните иницијативи, со јасно наведени одговорни ученици и временска рамка.

Училиште

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Маја Проданова
  2. Светлана Митровска
  3. Стефчо Стефанов
  4. Тамара Дронова
  5. Симона Минчева
  6. Драгана Маркова
  7. Ѓорги Спасов
  8. Крсте Накоски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.