Инста-детективи

Тема

Превенција и заштита од насилство

Предизвик

Како би можеле да ја подобриме информираноста на учениците од седмо одделение за заканите во киберпросторот (Инстаграм), со цел да ги заштитиме од онлајн ризици?

За активноста

Форми на работа

Индивидуална, групна

Време на реализација

120 минути

Возраст

Ученици од VII одделени

Локација

Училиште

Потребни материјали

  • Лажни профили на Инстаграм и сценарија кои опишуваат типични киберзакани (Прилог)
  • Самолепливи ливчиња (како ѕвезди или значки) за задачи
  • Голем хамер за собирање совети и идеи
  • Бели листови и пенкала



Цели

Очекувани резултати

Чекори
  • Подготовка

    Формирање организациски тим

    • Учениците од седмо одделение формираат организациски тим, каде што секој член има улога: некој да подготви сценарија, друг да подготви примери на лажни профили и трети да организираат простор за активностите.
    • Тимот може да ги праша соучениците за какви закани веќе имаат слушнато на Инстаграм и да ги вклучат тие идеи во сценаријата.

    Подготовка на пунктовите

    • Организацискиот тим ќе подготви пунктови со различни сценарија и лажни профили, каде што секој пункт ќе содржи задача која треба да се реши.
    • За секој пункт, тимот создава „проверка на безбедност“ каде што се бара да се идентификува заканата на лажниот профил или да се предложи начин за избегнување на опасната ситуација.
  • Реализација

    Отворање на активноста

    • Учениците од организацискиот тим започнуваат со кратко воведно објаснување за важноста на безбедноста на Инстаграм и ја објаснуваат играта „Инста-детективи“.
    • Наставниците ги делат останатите ученици во мали тимови и им даваат бели листови за белешки и налепници за секоја успешно решена задача.

    Лов на закани – Истражување по пунктови

    • Секој тим ученици ротира низ пунктовите и работи заедно за да открие која е заканата во секое сценарио.
    • Доколку успешно ја идентификуваат заканата, добиваат налепница за тој пункт, а на белите листови запишуваат зошто го сметаат сценариото за сомнително и како би постапиле.

    Претставување на резултатите

    • По завршувањето, секој тим ја претставува својата анализа на сценаријата пред другите. Организацискиот тим поттикнува дискусија и поставува прашања за тоа зошто учениците направиле одредени избори.
    • Организацискиот тим собира идеи од сите тимови за тоа како да се избегнат опасните ситуации и ги запишува на голем хамер за да ги видат сите.

    Создавање „Правила за безбеден Инстаграм“

    • Организацискиот тим заедно со останатите ученици го составуваат списокот на „Правила за безбеден Инстаграм“ на таблата. Секој може да предложи по една препорака која ќе им помогне на сите да бидат побезбедни.

    Завршна рефлексија

    • За крај, организацискиот тим бара од останатите ученици да споделат што научиле и што мислат за активноста. 
    • Постерот со „Правила за безбеден Инстаграм“ се закачува во училницата како потсетник за сите.

Училиште

ООУ„Магдалена Антова“, Куманово

Ментор

Проверено
Училишен тим

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.