Инфо-минута – Седмични вести за активните ученици

Тема

Зголемување на учеството на учениците во донесување одлуки

Предизвик

Како да ја зголемиме информираноста меѓу учениците за училишните активности со цел да поттикнеме поголема вклученост и учество во нив?

За активноста

Форми на работа

Тимска работа на ученици (2 до 4 ученици седмично)

Време на реализација

1 до 2 минути седмично (на почетокот од првиот час во седмицата)

Возраст

Ученици од I до IV година

Локација

Во училниците (презентација), во ходници (визуелна објава на пано или ѕидни постери)

Потребни материјали

  • Хартија, фломастери, маркери
  • Табла или пано за објава на информации
  • Календар на училишни активности
  • Паметен телефон или лаптоп (за подготовка на дигитална содржина или снимање видео)
  • Микрофон / разглас (доколку има можност за јавна објава)
  • QR-кодови со врски до дополнителни информации

Цели

  • Да се зголеми информираноста на учениците за воннаставните активности.
  • Да се поттикне нивна активна вклученост во училишниот живот.
  • Да се поттикнат иницијатива и соработка помеѓу учениците.
  • Да се унапредат вештините за комуникација, организација и јавно изразување.
  • Да се поттикне чувство на одговорност и транспарентност кај учениците

Очекувани резултати

  • Поголем број ученици вклучени во училишни активности.
  • Подобра информираност за настаните и можностите во училиштето.
  • Зголемена самодоверба кај учениците кои подготвуваат и презентираат.
  • Поттикната соработка меѓу класови и генерации.
  • Секој клас најмалку еднаш во едно полугодие ќе биде задолжен за подготовка на инфо-минута
Чекори
  • Подготовка
    • Формирање ученички тим или класови кои ќе се менуваат и кои се задолжени за подготовка.
    • Прибирање информации од наставниците и од училишната администрација за тековни активности.
    • Избор на содржини и креативна форма (текст, инфографик, видео, аудио).
    • Координација со ментор-наставник за поддршка и за одобрување на содржината.
  • Реализација
    • Презентација на содржината во училниците или преку дигиталните канали.
    • Објава на визуелен материјал на видливо место во училиштето.
    • Следење на реакциите и на мотивацијата кај учениците.
    • Носење заклучоци и подобрување на содржината од една до друга седмица.

Училиште

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово

Ментор

Никола Делевски
Проверено

Ана Попризова

Проф . Д-р Софија Георгиевска

Училишен тим
  1. Соња Тодоровска
  2. Филип Младеновски
  3. Катерина Стојмановска
  4. Матеј Каранфилов
  5. Бела Димовска
  6. Ања Трајковиќ
  7. Каја Трајковиќ
  8. Миња Димитријевиќ
  9. Милан Тодоровски
  10. Мила Серафимовска
  11. Вања Ангеловска
  12. Вања Давидовска
  13. Ива Михајлова
  14. Георги Бојковски

Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.