Инфо-бран: Твојот глас, наши идеи!
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Табла или постер на „Инфо-ѕид“ поставен во училишниот хол
- Различни бои на налепници за категориите на настаните
- QR-кодови што водат до дигитални објави или информации
- Видеокамера или паметен телефон за снимање кратки „Инфо-флеш“ видеа
- Брошури или дигитални флаери за „Инфо-амбасадори“ во секое одделение
- Кутија за идеи и предлози поставена на истакнато место
- Апликација за управување со известувања

Цели
- Да се создаде динамичен и забавен начин за комуникација на настаните и активностите преку различни медиуми.
- Да се зголеми учеството и ангажирањето на учениците во активности преку подобро информирање.
- Да се поттикне интеракција меѓу ученичката заедница и сите ученици со вклучување на нивните предлози и идеи.
Очекувани резултати
- Учениците добиваат ажурирани информации на лесен и достапен начин.
- Зголемено учеството и присуството на училишните настани, благодарение на креативниот пристап кон известувањето.
- Зголемена нтеракција меѓу ученичката заедница и сите ученици со вклучување на нивните предлози и идеи.

- Подготовка
Создавање „Инфо-ѕид“
- Учениците-организатори поставуваат голем постер или табла во централниот хол. Овој „Инфо-ѕид“ ќе служи како централно место каде што ќе се истакнуваат сите важни објави, со различни бои на налепници за разни категории на активности (на пример: зелени налепници за волонтерски проекти, сини за забавни настани, црвени за академски активности).
- Организаторите додаваат QR-кодови што водат до дополнителни информации, дигитални објави или видеа за секој настан.
Обезбедување „Инфо-амбасадори“
- Во секое одделение се избира „Инфо-амбасадор“ – ученик кој ќе биде одговорен за пренесување на новостите од ученичката заедница на своите соученици.
- Амбасадорите добиваат кратка обука за употреба на каналите за известување (дискусија во одделението, дигитални објави) и за управување со барања и предлози од учениците.
- Реализација
Инфо-флеш – Кратки видеообјави:
- Секој понеделник, организаторите снимаат кратки видеа, наречени „Инфо-флеш“. Видеата се динамични и брзи, содржат преглед на претстојните настани, со вклучување забавни моменти или шеги, за да го задржат вниманието на гледачите.
- Видеата се поставуваат на училишната веб-страница или на дигитални екрани во училишниот хол, каде што учениците ќе можат да ги погледнат пред или после часовите.
Табла за идеи и предлози:
- Во близина на „Инфо-ѕидот“ е поставена кутија за предлози. Секој ученик може да го остави својот предлог или прашање за претстојните настани. Идеите се разгледуваат од ученичката заедница на неделни состаноци.
- Секоја седмица, некој предлог од кутијата ќе се истакнува како „Идеја на седмицата“ и ќе ги поттикнува учениците да гласаат или да учествуваат во реализацијата.
Тематски месечни кампањи:
- Организаторите создаваат месечни теми, како на пример „Месец на волонтерство“ или „Месец на креативност.“ Во текот на тој месец, сите настани и активности се поврзани со таа тема.
- Темата се објавува на „Инфо-ѕидот“ и преку видеообјавите, а сите ученици се поканети да учествуваат и да придонесат во активностите.
Интерактивна дискусија – Месечен инфо-час:
- Секој месец, ученичката заедница организира инфо-час – настан каде што се собираат учениците и ги разгледуваат претстојните активности, како и постигнатите резултати од минатите активности.
- Инфо-амбасадорите од секој клас ги претставуваат новините и поттикнуваат разговор за нови идеи, при што секој има можност да предложи идеи и да учествува во планирањето.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Сандра Камчева
- Евгенија Стојанова
- Надица Мишковска
- Златко Божинов
- Ибрахим Алиманов
- Емилија Зафирова Петков
- Љубица Невеселова
- Марјан Терзиев





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.