Играме како едно
Тема
Предизвик
За активноста
Форми на работа
Време на реализација
Возраст
Локација
Потребни материјали
- Топки за одбојка и футсал
- Одбојкарска мрежа и стативи
- Спортски терени за одбојка и фудбал
- Спортска опрема за учесниците
- „Lazy bags“ за публиката

Цели
- Зближување на учениците од сите наставни јазици преку мултикултурни тимови.
- Развивање тимска работа и соработка.
- Поттикнување култура на организирање училишни активности.
- Усовршување на техниките за одбојка и футсал.
- .Да се промовира ферплеј како вредност која ги надминува етничките и верските разлики.
Очекувани резултати
- Подобрена меѓусебна интеракција и тимска работа без оглед на етничката или верската припадност.
- Подобрени спортски вештини и ферплеј култура.
- Учениците ќе стекнат искуство во тимска соработка со врсници од различни заедници.
- Зголемено чувство на заедништво и припадност кон училишната заедница.

- Подготовка
Наставниците по спорт ја промовираат иницијативата на ученичкиот парламент на часовите по спорт.
- Избор на осум одговорни ученици (по еден од секоја година) за пријавување заинтересирани учесници.
- Изработка на списоци и избор на играчи преку пробна игра и досегашни резултати.
- Формирање:
- 3 тима за футсал (4+1 играч)
- 3 тима за одбојка (по 6 играчи)
- Две подготовки со тимовите, водени од професорите.
- Состанок со стручната служба за организација и избор на уште тројца ученици за креативниот тим.
- Известување на директорката за планот и за деталите.
- Изготвување соопштение за професорите и за учениците (активност во меѓусмена).
- Креативниот тим подготвува постер и го споделува на социјалните мрежи.
- Проверка и подготовка на терените, поставување на одбојкарската мрежа.
- Состанок со учесниците за: распоредот на екипите, опремата (маица и црни шорцеви), ждрепките (броеви 1, 2, 3) и изборот на капитени.
- Подготовка на „lazy bags“ за публика.
- Контакт со ООЦК – Струга за екипи за прва помош.
- Реализација
- Учесниците пристигнуваат еден час пред натпреварот и се загреваат (трчање, скокање, истегнување).
- Натпреварите се одржуваат паралелно: одбојка и футсал.
- Публиката се сместува, тимовите за прва помош се позиционираат.
- Ждрепка за првите натпревари и избор на страна/топка со монета.
- Одбојка:
- Се игра на 3 добиени сета (до 25 поени)
- Во првиот дуел играат екипата број 1 и број 2
- Победникот во првиот дуел, во вториот дуел игра против екипата број 3
- Футсал:
- 2 полувремиња по 20 минути, со по еден тајмаут.
- Во првиот дуел играат екипата број 1 и број 2
- Победникот во првиот дуел, во вториот дуел игра против екипата број 3
- Прогласување победници.
- Одговорните ученици ја средуваат локацијата.
Прилози

Училиште
Ментор
Ана Попризова
Проф . Д-р Софија Георгиевска
- Марија Симакоска
- Алије Рифат Хајдар
- Лулзана Јусуфи – Даути
- Даниела Јовческа
- Светлана Симакоска
- Аделина Изети
- Ангела Иваноска
- Арта Пошка Ќоку





Оваа активност се спроведува од страна на СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Проектот „Промоциjа на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалициjата на младински организации „СЕГА“ во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораториjа за социјални иновации Скопjе, а финансиски поддржан од Детската фондација „Песталоци“.